Архангел (музички албум)
„Архангел“ — музички албум на истоимената македонска рок-група, првобитно објавен во 1991 година од издавачката куќа „Хаос“ од Белград. Во 2000 година, албумот бил повторно издаден од скопската издавачка куќа „Litium Records“.
Песни
уредиАлбумот ги содржи следниве песни:[1]
- Ладно оружје
- Гордост
- Исус
- Златно жолто
- Превез
- Молк
- Луна
- 2 во 1
- Брчки
- Архангел
Автор на сите песни на албумот е Ристо Вртев. Албумот бил снимен во студиото „Јатаган“ во 1991 година; продуцент и инженер на звукот бил Тоше Попсимонов, негов помошник бил Димитар Димовски, а мастерот го направил Никола Димушевски. Автор на обвивката на албумот е Златко Трајковски.[2]