Отвори го главното мени

Откако популарноста на движењето Art Nouveau започна да опаѓа, комерцијалниот интерес за декоративната уметност остана на сила. Овој стил покрај постоењето на занаетчиските производи и модерната архитектура се јави како амалгам од различни стилови коишто не беа карактеристични за таа епоха. Арт Деко како нов стил се карактеризираше со своите чисти линии и едноставни форми коишто беа претставени како геометриски, а понекогаш и како производ со егзотично и историско потекло, но секогаш изработени во висококвалитетен материјал.

Името „Арт Деко“ претставува кратенка којашто произлегува од Париската изложба од 1925 година насловена како „Exposition Internationale des Arts Decoratifs et Industriels Modernes“. Се одликува со крајно едноставни линии коишто беа смекнати со аплицирање на декоративни елементи и слободно течење на кривини и претстави на виори проектирани исклучително врз база на емоции. Објектите на Арт Деко се одликуваа со фасади коишто беа бојадисувани со траки во светли бои како и со својот висок сјај. Стилот на Арт Деко кој беше тогаш актуелен изврши делумно влијание во градовите, но најмногу беше применуван во облакодерите и во комерцијалните објекти. Врвот овој стил го достигна со објектите Chrysler Building во Њујорк (1927-1930) од Вилијам ван Ален, со Empire State Building (1930-1931) од Shreve, Lamb и Harmon во Њујорк како и со Hoover Factory во Perivale, Англија. Во тоа време повеќе познати архитекти од Европа како последица од политички причини пребегаа во САД. Меѓу првите архитекти беше Ричард Нојтра. тој во почетокот се вработи кај Френк Лојд Рајт. Несомнено дека Рајт за куќата на Кауфман, Куќа на водопадите во Пенсилванија (1936), којашто со своите асиметрични волумени од лиен бетон издвоени со хоризонтални ленти од прозорци , беше инспириран од европските емигранти. Филип Џонсон исто така, инспириран од делата на Мис ван дер Рое во неговата прочуена стаклена куќа позната под името „Glass House“ изградена во 1949 година ги отфрли од употреба ѕидовите и бојата.[1]

  1. 1930-, Konstantinovski, Georgi,; 1930-, Константиновски, Георги,. Patot na eden arhitekt : 1958-2013. Skopje. ISBN 9789989328091. OCLC 1003585479. https://www.worldcat.org/oclc/1003585479.