Власи

(Пренасочено од Аромани)

Власи (Ароманци, Цинцари и Куцовласи) — народ од романската група, населен ширум Балканскиот Полуостров. За нивното потекло има повеќе тези. Некои проучувачи тврдат дека Власите се остатоци од Ромеите, односно потомци на Римјаните, а други пак сметаат дека Власите се потомци на Трако-Илирите, Епирците или Тесалијци‎те, но сепак без сомнение е тезата дека тие се староседелско население на Балканскиот Полуостров. За Власите се смета дека се потомци на Ромеите и дека се населени во времето на доаѓањето на Римјаните на Балканскиот Полуостров во I век п.н.е.

Власи
Armãnji, Rrãmãni
Знаме на Власите
Вкупен број
100.000[1] - 510.000
Подрачја со значајно население
 Грција39.855 (1951 попис) [2]
 Албанија8.266 (2011 попис) [3][4]
 Романија26.500 (2006 про.) [5]
 Србија15.000 (про.)[6]
 Бугарија1.000 (2001)[7]
Македонија Македонија9.695 (2001)
Јазици
влашки и останати јазици
Вероисповед
православие
Влашки овчар во традиционална облека, фотографија од 1899, Архива: Браќа Манаки.
Ѓорѓи Мучитанов-Касапчето, водач на првата влашка чета во ВМРО.

Власите зборуваат на влашки јазик кој е доста близок со италијанскиот јазик и романскиот јазик, а и со албанскиот, а има и поголемо влијание од грчкиот јазик.

Во почетокот на XIV век Власите како еден од најбогатите балкански народи го формирале градот Москополе во кој постоела „Нова Академија“, првата академија на Балканот, повеќе од 70 цркви и училишта како и печатница. Подоцна Москополе било разурнато од албанските банди, по што голем бран на Власи здружени со Власите од околината на планината Грамошта се населил во Македонија (Крушево, Осоговски Планини, Овче Поле, Штипско итн).

Познати влашки племиња се: Власи Каракачани (во Македонија, Грција и Бугарија), Краински Власи (во Србија), Истарски Власи (во Хрватска), Мегленски Власи (во Мегленска Котлина во Егејска Македонија - Грција) итн.

Признавање на националната самобитност на Власите

уреди

Султанот Абдул Хамид II на 23 мај 1905 година потпишал “Ираде“ (Проглас), со кој на Власите им биле доделени национални права во Отоманското Царство, можност за избор на свои „муктари“ (градоначалници), можност за настава на влашки јазик во училиштата и богослужба на влашки јазик во црквите. На истиот ден, Везирот Сафет Паша го потпишал и го издал „Коминикето“ со кое на Патријаршијата ѝ се забранува попречување на изведувањето на националните права, правата за јазик и богослужба. Овој ден се одбележува како „Национален ден на Власите“ од формирањето на првите пост-комунистички влашки здруженија од страна на сите Власи на Балканот и пошироко. Со измените во законот за државните празници на Република Македонија, овој ден е прогласен за државен празник на Република Македонија за граѓаните од влашката етничка заедница.

Познати Власи

уреди

Организации

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2014-11-22. Посетено на 2011-09-10.
  2. According to INTEREG - quoted by Eurominority: Aromanians in Greece
  3. According to Albania 2011 Census Архивирано на 30 јуни 2017 г. - quoted by Eurominority: Aromanians in Albania, Albania's Aromanians; Reemerging into History
  4. Arno Tanner. The forgotten minorities of Eastern Europe: the history and today of selected ethnic groups in five countries. East-West Books, 2004 ISBN 9789529168088, p. 218: "In Albania, Vlachs are estimated to number as many as 200.000"
  5. "Aromânii vor statut minoritar", in Cotidianul, 9 декември 2006
  6. „Ethnologue“. Архивирано од изворникот на 2012-07-16. Посетено на 2009-06-14.
  7. 2001 census

Надворешни врски

уреди