Отвори го главното мени
Арахна

Арахна е личност од грчката митологија која низ цела Либија била славена по својата вештина на ткаење.

МитологијаУреди

Нимфите често доаѓале од падините на Тмол и од брегот на Пактол да се восхитуваат на нејзината вештина. Арахна ткаела од влакна налик на облаци, од ткаенина проѕирна како воздух. Таа се гордеела со својот талент и била убедена дека никој не може да ја надмине во таа вештина. Еднаш викнала «Нека дојде самата Атена Палада да се натпреварува со мене. Нема да ме победи, не се плашам од тоа

Атена ѝ се прикажала во облик на старица и се обидела да ја одврати од предизвикувањето на Зевсовата ќерка. Но таа била самоуверена и не сакала да го послуша нејзиниот совет. Атена се вратила во својот вистински облик, но Арахна и понатаму сакала да се натпреварува со неа.

За натпреварувањето, Атена го исткала на средина од својот покривач атинскиот Акропол и на него спорот на Посејдон за власт над Атика. Дванаесет богови, а помеѓу нив и Зевс, седеле како судии во тој спор. Посејдон со својот трозабец од карпата направил солен извор. Атена со своето копје удрила во земјата од која израснала света маслинка. Боговите тогаш пресудиле во полза на Атена. По аглите, Атена ги прикажала боговите како ги казнуваат луѓето за непокорност.

Арахна на својот покривач исткала многу сцени од животот на боговите, во кои тие се појавуваат со своите слабости, обземени со човечките страсти. Околу сето тоа извезла венец од цветови завиткан со бршлени. Нејзинината работа не заостанувала по убавина од покривачот на Атена, но на сликите се гледало очигледно непочитување на боговите. Атена се налутила, го искинала прекривачот, и ја удрила со вретеното. Архана не можела да го поднесе срамот и се обидела да се обеси. Атена ја ослободи од јажето, и ѝ рекла: «Живеј, непокорна! Вечно ќе висиш и вечно ќе ткаеш и таа казна ќе се пренесе на твоето потомство

Атена ја испрскала Арахна со сок од волшебна трева и нејзиното тело се собрало, густата коса ѝ паднала, а девојката се претворила во пајак. Од тогаш виси пајакот Арахна во својата пајажина и вечно ткае.[1]

ЛитератураУреди

  • Н. А. Кун, Легенди и митови на стара Грчка, Децка книга 1990 година, Белград.

НаводиУреди

  1. Kline, A.S,. „Ovid - the Metamophoses“ (PDF). Tikaboo. A.S. kline. конс. 12 December 2016. 

Надворешни врскиУреди