Антоанете де Јонг (холандски изговор: [ɑntʋaːˈnɛtə də jɔŋ]; родена на 6 април 1995 година) е холандскa репрезентативка во брзо лизгање. Таа освоила бронзен медал на 3000 метри безо лизгање на  Зимските олимписки Игри во Пјонгчанг, Јужна Кореја во 2018 година. Таа, исто така, се натпреварувала на Зимските олимписки Игри во 2014 година во Сочи, каде што таа се пласирала на седмото место на 3000 метри.[1] Таа е носител на светски рекорд на 3000 метри во јуниорска конкуренција.

Антоанете де Јонг на Зимските Олиписки игри во 2014 година

Наводи уреди

  1. „Antoinette de Jong“. Архивирано од изворникот на 2014-04-20. Посетено на 29 September 2014.