Анте Жижиќ (роден на 4 јануари 1997 година) е хрватски кошаркар, центар на Макаби Тел Авив и на хрватската репрезентација.

Анте Жижиќ

Жижиќ со Кавалирс во 2019
Жижиќ со Кавалирс во 2019

Лични информации
Роден на 4 јануари 1997(1997-01-04)(27 г.)
Роден во Сплит, Хрватска
Националност Хрватска Хрватска
Висина 2,11м
Тежина 121 кг
Позиција центар
Информации за кариерата
Драфт 2016 / Рунда: 1 / Пик: 23
Избран од:
Бостон Бостон Селтикс
Проф. кариера 2013—
Моментален клуб
Клуб Макаби Тел Авив Макаби Тел Авив
Број 23
Сениорски клубови
Години: Клубови:
2013–2014
2014–2016
2014
2016–2017
2017–2020
2017–2018
2020–
Каштела Каштела
Цибона Цибона
Горица Горица
Дарушафака Дарушафака
Кливленд Кливленд Кавалирс
Кантон Чарџ Кантон Чарџ
Макаби Тел Авив Макаби Тел Авив
Репрезентација
2016– Хрватска Хрватска

Тој бил избран како 23-ти пик во првото коло на НБА драфтот 2016 од страна на Бостон Селтикс.

Биографија

уреди

Жижиќ е роден во Сплит на 4 јануари 1997. Има постар брат Андрија, кој исто така бил кошаркар.

Клупска кариера

уреди

Жижиќ ја започнал својата кариера во Сплит во сезоната 2013–2014, но играл само за нивниот јуниорски тим. Потоа, тој се преселил во Каштела каде што добива поголема минутажа. После само една сезона во Каштела, тој се преселил во Цибона, но веднаш бил проследен на позајмица во Горица каде играл во 2014 година, а најдобрата партија во дресот на Горица ја пружил против неговиот поранешен клуб Каштела кога уфрлил 29 поени и имал 11 скокови.

Уште истата сезона, тој се вратил во Цибона и одиграл 25 натпревари во АБА лигата, но без голема минутажа. Следната сезона, била неговата сезона на пробив. Во текот на сезоната 2015-2016, тој бил прогласен за најголема надеж и бил вклучен во најдобрата петорка на АБА лига. Врвот на добрите настапи го имал во Скопје, кога тој постигнал 37 поени против МЗТ и додал уште 20 скокови, што била четврта најголема валоризација (индекс 56) во историјата на лигата.[1] Сезоната ја завршил со просеци од 12.7 поени, 7.2 скокови, и 1.2 блокади во 24.8 минути по натпревар, во 26 одиграни натпревари во АБА лигата. Најдобрата партија за Цибона во домашното првенство ја одиграл уфрлајќи 34 поени и 16 скока на неговата поранешна екипа Горица на почетокот на мај 2016 година, водејќи ги волците во текот на целата сезона и во АБА лига и во ФИБА Европа купот.

Во 2016 година, бил избран од Бостон Селтикс како 23. пик на НБА драфтот 2016. Сепак, тој не ја прифатил понуда на Селтикс веднаш да му се приклучи на клубот во НБА и решил да остане во Европа. На 27 декември 2016 година, Жижиќ ја напуштил Цибона и потпишал за турскиот клуб Дарушафака.[2] Со турскиот клуб дебитирал во Евролигата, на 30 декември 2016, во поразот со 81-77 против Барселона. Жижиќ го завршил тој натпревар со 4 поени, 6 скока, 2 украдени топки и 2 блокади.[3]

 
Жижиќ играјќи за Кливленд Кавалирс во 2019 година.

На 1 јули 2017, Жижиќ потпишал за Бостон Селтикс.[4] Пред дури и да се пријави за еден натпревар во регуларната сезона за Селтикс, Жижиќ бил разменет на 22 август 2017 година во Кливленд Кавалирс заедно со Ајзеа Томас, Џеј Кроудер и незаштитен избор од Бруклин Нетс на првиот круг на НБА драфтот 2018 година за Кајри Ирвинг.[5]

Во својата руки сезона, Жижиќ некое време играл за Кантон Чарџ во развојната лига. На 11 март, тој постигнал 15 поени и запишал 7 скока (највисоко достигнување во кариерата во двете категории) во поразот од Лос Анџелес Лејкерс. На последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната, тој постигнал 20 поени и забележал 7 скока. Кавалирс се пласирале во НБА финалето 2018, но ја загубија серијата со 4-0 од Голден Стејт Вориорс. Жижиќ одиграл само 8 натпревари во плејофот 2018, со скромна минутажа бележејќи 1.6 поени и 0.8 скокови по натпревар.

На 25 август 2020, Жижиќ потпишал двегодишен договор со Макаби Тел Авив.[6] Во својата прва сезона со израелскиот тој освоил три трофеи: првенството, купот и Лига купот на земјата. Исто така, одиграл 34 натпревари во Евролигата, каде во просек бележел 9.1 поен и 5.4 скокови по натпревар.

Репрезентативна кариера

уреди

Жижиќ ја претставувал Хрватска во неколку младински репрезентации: со репрезентацијата под 16 години играл на Европското првенство за играчи под 16 години, потоа со репрезентацијата под 18 години играл на Европското првенство за играчи на таа возраст во 2014, каде освоил бронзен медал, а исто така настапил на Светското првенство за играчи под 19 години во 2015, каде што освоил сребрен медал.

За сениорската репрезентација игра од 2016 година, но досега не настапил на некое големо натпреварување.

Статистика

уреди

Регуларна сезона

уреди
Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
2017-2018   Кливленд Кавалирс 32 2 6.7 .731 .724 1.9 .2 .1 .4 3.7
2018-2019   Кливленд Кавалирс 59 25 18.3 .553 .705 5.4 .9 .2 .4 7.8
2019-2020   Кливленд Кавалирс 22 0 10.0 .569 .737 3.0 .3 .3 .2 4.4
Кариера 113 27 13.4 .581 .711 3.9 .6 .2 .4 6.0

Плејоф

уреди
Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
2018   Кливленд Кавалирс 8 0 2.9 .500 - .500 .8 .1 .0 .1 1.6
Кариера 8 0 2.9 .500 - .500 .8 .1 .0 .1 1.6

Титули и награди

уреди
 
Кошаркарите на Макаби Тел Авив ја слават титулата во купот

Клупски

уреди

  Макаби Тел Авив

уреди
2020-2021
2020-2021
2020-2021

Репрезентативни

уреди

Поединечни

уреди
2015-2016
  • Идеален тим на израелското првенство - прва постава : 1
2020

Наводи

уреди
  1. „Round 4 MVP: Ante Žižić (Cibona)“. ABA-Liga.com. 11 October 2016. Посетено на 11 October 2016.
  2. „Darussafaka Dogus signs Ante Zizic“. Sportando.com. 27 December 2016. Посетено на 27 December 2016.
  3. FC BARCELONA LASSA 81 DARUSSAFAKA DOGUS ISTANBUL 77 DECEMBER 30, 2016.
  4. „Celtics Sign Jayson Tatum, Ante Zizic“. NBA.com. 1 July 2017. Посетено на 1 July 2017.
  5. „Celtics Acquire Four-Time All-Star Kyrie Irving“. NBA.com. 22 August 2017. Посетено на 22 August 2017.
  6. „Ante Zizic is officially a newcomer of Maccabi Tel Aviv“. Sportando. 25 August 2020. Посетено на 25 August 2020.

Надворешни врски

уреди