Андреј Ал-Асади (1996, Лондон, Обединето Кралство) — македонски писател.

Творештво уреди

Ал-Асади започнал да пишува поезија уште во средношколските денови, а во 2013 година се појавила неговата прва стихозбирка, „Midnight Blues“, издание на Антолог. Пет години подоцна ја објавил стихозбирката „Под дервишовото сиќе“, издание на ПНВ публикации, а во 2019 година, истата издавачка куќа ја објавила и стихозбирката „Небесна геометрија“. Во 2018 година, ја објавил збирката раскази „Друго минато“, во издание на Темплум. Со неа ја освоил наградата „Новите!“ која ја доделува истата издавачка куќа. Ал-Асади е застапен и во антологијата „Очудувања 3“ (Бегемот, 2019), а во 2021 година се појавила и неговата втора збирка раскази, „Утрото на бессоните“, во издание на Бегемот.[1] [2] Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[3]

Наводи уреди

  1. Андреј Ал-Асади, Утрото на бессоните. Скопје: Бегемот, 2021.
  2. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 368.
  3. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 349-352.