Анастас Ѓорески
Анастас Иванов Ѓорески (11 ноември 1926 во Требеништа, Охридско — 7 мај 1945 во Драчац (Загреб), Хрватска) македонски партизан, учесник во НОБ.
Животопис
уредиАнастас Иванов Ѓорески е роден на 11 ноември 1926 година, се занимавал со земјоделство. Во НОБ стапува на 9 декември 1944 година. Како борец на Втората македонска ударна бригада, загинува на Сремски фронт кај Драчец во близина на Загреб на 7 мај 1945 година.[1]