Аменемхет I

(Пренасочено од Аменемат I)

Аменемхет I — првиот владетел на Дванаесеттата династија, за која се верува дека го основала Средното Кралство. Владеел од 1991 до 1962 година. п.н.е.[1] Аменемхет не бил од кралски род, па бил принуден да преземе посебни мерки за зајакнување на неговиот авторитет како фараон. Меѓу овие мерки беа книжевни дела (Пророштво на Нефертити, Инструкции на Аменемхет) и враќање кон изградбата на комплекс во облик на пирамиди карактеристични за владетелите на Шестата династија.

Аменемхет I
Релјеф на Аменемхет I од неговиот мртвечки комплекс во Ел-Лишт
Фараон на Египет
Владеел1991 — 1962 п.н.е.; (1939 —1910 п.н.е.), Дванаесетта династија
ПретходникМентухотеп IV
НаследникСенусрет I
СопружнициНеферитатѓенен
ДецаСенусрет I, Неферу III, Неферушерит, Кајет
ТаткоСенусрет
МајкаНеферет
ЗакопанПирамида на Аменемхет I во Ел Лишт
Урнатините на пирамидата на Аменемхет

Него го наследил неговиот син Сенусрет I. Се верува дека двајцата владееле заедно најмалку 10 години, и ова е првиот пример за заедничко владеење на татко и син во египетската историја. Стела со двоен датум јаспоменува 30-та година на Анемехетовато и 10-та година на владеењето на Сенусрет. Оттука следува дека Сенусрет станал совладетел во 20-те години на владењето на Аменемхет.[2]

Се верува дека Аменемхет бил убиен во заговор додека спиел. За тоа време, неговиот син водел кампања кон Либија.

Наводи

уреди
  1. D Wildung, L'Âge d'Or de L'Égypte - le Moyen Empire, Office de Livre, 1984
  2. Murnane, William J. Ancient Egyptian Coregencies, Studies in Ancient Oriental Civilization. No. 40. pp. 2. The Oriental Institute of the University of Chicago, 1977.

Надворешни врски

уреди