Амбелокипи-Менемен

општина во Солунскиот округ, Егејска Македонија
Општина Амбелокипи-Менемен
Δήμος Αμπελοκήπων - Μενεμένης
Dimos Ampelokipon - Central Macedonia.svg
Општината Амбелокипи-Менемен во областа Централна Македонија
Податоци
Област: Централна Македонија
Округ: Солун
Гео. област: Халкидик
Население: 55 869 (2001)
Седиште: Амбелокипи
Нас. места: 2
Пошт. бр.: 561
Пов. бр.: 2310-72 до 74
Портал: ampelokipi-menemeni.gr

Амбелокипи-Менемен (грчки: Δήμος Αμπελοκήπων - Μενεμένης, Димос Амбелокипис-Менеменис) — општина во Солунско, Егејска Македонија, денес во Солунскиот округ на Централна Македонија, Грција. Општината опфаќа две преградија на градот Солун. Административен центар е Амбелокипи.

Обете населени места се новосоздадени од грчки доселеници од Турција во XX век, преселени со меѓусебната размена на население.

Населени местаУреди

 
Поранешната општина Амбелокипи на картата на некогашниот округ Солун.
 
Поранешната општина Менемени на картата на некогашниот округ Солун.

Општината е создадена на 1 јануари 2011 г. со обединување на општините Амбелокипи и Менемен по законаот „Каликратис“.[1]

Општинска единица АмбелокипиУреди

Според пописот од 2001 г., општината Амбелокипи (Δήμος Αμπελοκήπων) имала 40 959 жители и ја опфаќала само солунската населба Амбелокипи.

Општинска единица МенеменУреди

Според пописот од 2001 г., општината Менемен (Δήμος Μενεμένης) имала 14 910 жители и ја опфаќала само солунската населба Менемен (Μενεμένη, Менемени).

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди