Амбарќој

село во Кукушко, Егејска Македонија
(Пренасочено од Амбар Ќој)

Амбарќој или Амбар Ќој (грчки: Μάνδρες, Мандрес; до 1926 г. Αμπάρ Κιόι, Амбар Ќој[2]) — село во Кукушко, Егејска Македонија. Денес ѝ припаѓа на Општина Кукуш во Кукушкиот округ на областа Централна Македонија, Грција. Во 2011 г. населението броело 475 жители.

Амбарќој
Μάνδρες
Амбарќој is located in Грција
Амбарќој
Амбарќој
Местоположба во областа
Амбарќој во рамките на Кукуш (општина)
Амбарќој
Местоположба на Амбарќој во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 40°50′N 22°55′E / 40.833° СГШ; 22.917° ИГД / 40.833; 22.917
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки
ОпштинаКукуш
Општ. единицаГалик
Надм. вис.&10000000000000100000000100 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно475
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.611 00
Повик. бр.23410
Рег. таб.NI, ΚΙ*

Географија уреди

Селото се наоѓа на 17 км јужно од Кукуш, на левиот брег на реката Галик.

Историја уреди

Во Отоманското Царство уреди

Во XIX век Амбарќој било македонско село во Кукушката (Авретхисарската) каза. Црквата „Св. Димитриј“ е изградена во 1864 г. и има базилична архитектура.[3] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Амбарќој (Ambarkeui) било село во Кукушката (Авретхисарска) каза со 65 домаќинства сочинети од 25 муслимани и 285 Македонци.[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) в 1900 година селото има 300 жители Македонци христијани и 66 Турци.[4][6]

Населението на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. Спроед податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Амбар Ќој (Ambar-Keuy) било село во Кукушката каза со 320 жители Македонци под егзархијата и во него работело бугарско училиште.[4][7]

Бугарското вмешателство продолжило и за време на Хуриетот во првата половина на 1909 г. кога во селото е основан огранок на Сојузот на бугарските уставни клубови.[8]

Според Анастасија Каракасиду на крајот од отоманското владеење на Амбарќој било претежно „словенојазична“ населба.[9]

Во Грција уреди

 
Разгледница од Амбарќој, 1916-18 г.

Во Втората балканска војна (1913) селото настрадало од грчката војска, која го разурнала, а населението било принудено да избега[10] во Бугарија. Истата година тоа е припоено кон Грција, кога е евидентирано без ниеден жител.[10] На местото на Македонците се доведени погрчени Албанци од источнотракиската паланка Мандрица, јужна Бугарија. Во 1920 г. селото веќе имало 524 жители.[10] Во 1928 г. селото е евидентирано како наполно дојденско, со 125 семејства сочинети од 412 жители.[11] Во 1926 г. селото е преименувано во Мандрес во чест на албанската гркоманска паланка Мандрица од која дошле дојденците.

Демографија уреди

Иако во повоените децении селото забележало значителен раст, со време населението опаднало поради иселување во Солун и другите градови.[10] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 656 633 712 550 548 684 668 475
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство уреди

 
Мелница во Амбарќој

Селото традиционално се занимавало со производство на пченица, свилени кожурци и други земјоделски производи. Сточарството било слабо развиено поради ограничените пасишта.[10]

Личности уреди

  • Ангел Трајков (1889 – ?) — учесник во Балканските војни[12]
  • Васил Георгиев (Георгев, 1890 – ?) — учесник во Балканските војни[13]
  • Димо Амбарќојлиев — револуционер, деец на МРО, убиен пред 1918 г.[14]
  • Иван Трајков (Ване Трајков, 1879/1882 – ?) — учесник во Балканските војни[15]
  • Иван Христов (1889 – ?) — учесник во Балканските војни[16]
  • Милан Коцев Христов (1889/1892 – ?) — учесник во Балканските војни[17]
  • Христо Иванов (Иљов) — борец во Руско-турската војна (1877-1878)[18][19]
  • Христо Иванов (1889 – ?) — учесник во Балканските војни, Инженерно-технички единици[20]
  • Христо Иванов (1889 – ?) — учесник во Балканските војни, жител на Солун[21]

Културни и природни знаменитости уреди

Цркви

Литература уреди

  • Μ. Μαραβελάκη, Α. Βακαλόπουλου. "Οι προσφυγικές εγκαταστάσεις στην περιοχή Θεσσαλονίκης". Ανατύπωση Εκδόσεις Βάνιας. Θεσσαλονίκη, 1993.
  • Απόστολος Μαϊκίδης. "Μανδρίτσα. Η κωμόπολις που έσβησε." Σημειώσεις – Αναμνήσεις – Παράδοσις. Θεσσαλονίκη, 1972.
  • Απόστολος Μαϊκίδης. "Η βιοτεχνία στη Μανδρίτσα Αν. Θράκης", Θρακική Εστία Θεσσαλονίκης. Ημερολόγιο- Λεύκωμα, 4, 1985-1986.

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. „Μάνδρες – Ιερός Ναός Αγ.Δημητρίου“. Enjoy Kilkis. Посетено на 14 март 2018. no-break space character во |title= во положба 8 (help)
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 162–163. ISBN 954-8187-21-3.
  6. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 165. ISBN 954430424X.
  7. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 98–99.
  8. „Новоосновани клубове“. Отечество. Година I, Брой 5: 4. 7 мартъ 1909 год. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  9. Каракасиду, Анастасия (2008). Житни поля, кървави хълмове: Преходи към националното в Гръцка Македония 1870 – 1970. София: „Сиела“. стр. 69. ISBN 978-954-28-0186-3.
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 10,4 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 71–72. ISBN 9989-9819-6-5.
  11. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 20 јуни 2012, Посетено на 20 јуни 2012
  12. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 723. ISBN 954-9800-52-0.
  13. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 149. ISBN 954-9800-52-0.
  14. Македонцитѣ въ културно-политическия животъ на България: Анкета отъ Изпълнителния комитетъ на Македонскитѣ братства (PDF). София: Книгоиздателство Ал. Паскалевъ и С-ие, Държавна печатница. 1918. стр. 98.
  15. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 725. ISBN 954-9800-52-0.
  16. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 767. ISBN 954-9800-52-0.
  17. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 772. ISBN 954-9800-52-0.
  18. Македонцитѣ въ културно-политическия животъ на България: Анкета отъ Изпълнителния комитетъ на Македонскитѣ братства (PDF). София: Книгоиздателство Ал. Паскалевъ и С-ие, Държавна печатница. 1918. стр. 32.
  19. Христов, Иван, и др. Българското опълчение 1877 - 1878 : Биографичен и библиографски справочник. 1 : I, II, III дружина. [Казанлък]: Издателство „Казанлъшка искра“ ЕООД, „Ирита Принт“ ООД. стр. 98. ISBN 954-692-001-0.
  20. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 302. ISBN 954-9800-52-0.
  21. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 303. ISBN 954-9800-52-0.

Надворешни врски уреди