Карбоксилна киселина

(Пренасочено од Алкански киселини)

Карбоксилните киселини се органски киселини чија функционална група е карбоксилната група (-COOH). Таа се состои од ацил (карбонилна) група поврзана со хидроксилна група (OH), со тоа што кај мравската киселина за карбоксилната група е поврзан еден водороден атом наместо радикал. Општата формула на карбоксилните киселини е R-COOH. Тие се среќаваат во организмот на многу растенија (како коприви) и животни (како мравките).

Структура на карбоксилна киселина.
3D структура на карбоксилната група.
Просторен модел на карбоксилната група.

Поделбата на карбоксилните киселини може да се прави на повеќе начини:

Именување

уреди

Според МСЧПХ, едноставните алифатични монокарбоксилни киселини се именуваат вака: за основа се зема името на јаглеводород со ист број на C-атоми (во кој е вклучен и C-атомот од карбоксилната група) кон кое се додава наставката -ска киселина или -ова киселина. На пример:

CH3CH2COOH (пропанска киселина)
CH3CH2CH2CH2COOH (пентанска киселина).

Карбоксилната група е функционална група од највисок ранг и затоа при именувањето има предност пред сите други групи. Значи, ако во соединението има карбоксилна и други групи, тоа е супституирана киселина.

Добивање

уреди

Постојат многу постапки за синтетичко добивање на карбоксилните киселини. Најважни се: