Отвори го главното мени

Али Чаир (археолошко наоѓалиште)

Али Чаир е населба од неолитското и римското време во Прилеп. При изградбата на новата населба Али Чаир, на улицата „Душко Наумовски“ бр. 12, со ископувањата во 1968 и 1972 година е утврден културен слој со еден хоризонт на живеење, поточно, остатоци од населба од доцниот неолит[1].

На околу 100 м северно, на местото каде што се наоѓа Зоолошката градина, исто така при градење на станбени згради се откриени темели од ѕидови градени од кршен камен и варов малтер, како и множество фрагменти од керамички садови, покривни ќерамиди и архитектонски елементи од мермер. Во непосредната близина се најдени и две плочки од мермер со релјефна претстава на божиците Венера и Минерва. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп.

НаводиУреди

  1. Археолошка карта на Македонија, Том 2, МАНУ, 1996, Скопје, стр.307