Алистратички манастир

манастир кај Алистратик, Зихненско

Алистратички манастир „Св. Недела“ (грчки: Ιερά Μονή Αγίας Κυριακής Αλιστράτης) — манастир кај селото Алистратик, Зихненско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Алистратички манастир
Света Недела
Ιερά Μονή Αγίας Κυριακής
Поглед на црквата
Карта
41°2′54″N 23°57′5″E / 41.04833° СГШ; 23.95139° ИГД / 41.04833; 23.95139
МестоАлистратик, Зихненско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Завршена1857
Управа
ЕпархијаЗихненско-неврокопска

Манастирот се наоѓа на 2 км јужно од селото Алистратик во историско-географската област Зихна. Лежи во југоисточното подножје на планината Сминица, близу реката Драматица.

Манастирот во 1906 г. бил машки и имал 95 монаси. Разурнуван а на повеќе наврати, и конечната реконструкција започнала во 1956 г. Манастирската слава е Света Недела на 7 јули.[2]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Ιερά Μονή Αγίας Κυριακής Αλιστράτης“. Corect. Архивирано од изворникот на 2014-10-18. Посетено на 17 октомври 2014.
  2. Опис на Алистратичкиот манастир на општинскиот портал на Сер

Надворешни врски

уреди