Алесандро Дел Пјеро

(Пренасочено од Алесандро Дел Пиеро)

Алесандро Дел Пјеро (итал. Alessandro Del Piero; роден на 9 ноември 1974, во Конељано) — италијански поранешен фудбалер, кој играл на позицијата напаѓач.

Алесандро Дел Пјеро
Del Piero.jpg
Лични податоци
Роден на 9 ноември 1974 (1974-11-09) (45 г.)
Роден во Конељано, Италија
Држава Италија Италија
Висина &100000000000001730000001,73 м
Играчки податоци
Позиција напаѓач
Повлекување 1 јануари 2015 (40 г.)
Младинска кариера
Сан Вендемјано Сан Вендемјано
Падова Падова
Јувентус Јувентус
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1991-1993 Падова Падова 14 (1)
1993-2012 Јувентус Јувентус 513 (208)
2012-2014 ФК Сиднеј ФК Сиднеј 48 (24)
2014 Делхи Дајнамос Делхи Дајнамос 10 (1)
Репрезентација
1991 Италија Италија 17 3 (1)
1995-2008 Италија Италија 18 14 (12)
1993-1996 Италија Италија 21 12 (3)
1995-2008 Италија Италија 91 (27)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 15 мај 2012.
† Учества (Голови).

Познат по својот прекар Пинтурикио кој го добил од Џани Ањели заради елеганцијата во неговиот стил на игра,[1][2][3] Дел Пјеро уште од млада возраст се издвојувал како еден од најголемите таленти на својата генерација,[4] и се смета меѓу најдобрите играчи во историјата на италијанскиот фудбал.[5][6][7] Тој бил капитен на Јувентус од 2001 до 2012 година, а токму со клубот од Торино освоил бројни трофеи на национално и меѓународно ниво, постигнувајќи гол во сите натпреварувања во кои учествувал и поставил апсолутен рекорд во клубот по бројот на голови (290)[8] и настапи (705).[9]

Со италијанската репрезентацијата, тој забележал 91 настап и 27 гола, учествувајќи на три Светски првенства (1998, 2002 и 2006), станувајќи светски шампион на последното и четири Европски првенства (1996, 2000, 2004 и 2008), од кои на последното како капитен.

Со 346 постигнати голови во неговата кариера, Дел Пјеро е втор најдобар италијански стрелец на сите времиња веднаш зад Силвио Пиола (390),[10][11] и освоил четири титули за најдобар стрелец: во Лигата на шампионите во 1998 со 10 гола, во Купот на Италија во 2006 со 5 гола, во Серија Б во 2007 со 20 гола и во Серија А во 2008 со 21 гол.

Тој бил избран три последователни години (1995-1996, 1996-1997, 1997-1998) во тимот на годината според Европските спортски медиуми, додека здружението на фудбалски статистичари, го класифицира меѓу најдобрите фудбалери на сите времиња, рангирајќи го на 60-тото место.[12][13] Во 2004 година, тој бил вклучен во ФИФА 100, списокот на 125-те најголеми живи играчи избрани од Пеле и од ФИФА по повод стогодишнината на федерацијата, а на Јубилејната анкета на УЕФА го заземал 49-тото место, анкета спроведена од УЕФА преку интернет за да ги прослави најдобрите фудбалери во Европа во претходните педесет години.[14] Тој, исто така, бил вклучен шест пати меѓу 50-те кандидати за Златната топка, завршувајќи на четвртото место во 1995 и во 1996. Два пати бил избран за најдобар италијански фудбалер во 1998 и 2008 година,[15] а во 2017 година бил вклучен во Куќата на славните на италијанскиот фудбал.[16]

БиографијаУреди

 
Дел Пјеро со сопругата Соња во Сиднеј во 2013 година, за време на ARIA Music Awards

Дел Пјеро е роден во Конељано, во покраината Тревизо, но пораснал во Сакон, фракцијата на Сан Вендемјано. Алесандро е син на Џино, по занимање електричар, и Бруна, домаќинка. Тој има девет години постар брат, Стефано, кој исто така бил негов агент,[17] и посвоена сестра.[18] Тој поседува диплома за сметководство.[19] Дел Пјеро е во брак со Соња Аморузо, сестрата на неговиот некогашен соиграч од Јувентус Никола, со се оженил во тајност на 12 јуни 2005;[20] парот има три деца Тобијас (р. 2007), Доротеа (р. 2009) и Саша (р. 2010).[21]

Во 2006 година, за време на Зимските олимписки игри, тој бил носител на олимпискиот пламен.[22] Дел Пјеро е пријател со музичарите Ноел и Лиам Галагер,[23] а во 2007 година, тој се појавил како камео во видео-клипот за песната Lord Don't Slow Me Down од Oasis;[24] во истата година, тој се појавил со соиграчите во филмот L'allenatore nel pallone 2.[25] Во 2014, учествувал во епизода од австралиската серија Bondi Rescue.[26]

Учествувал во бројни добротворни и солидарни иницијативи.[27][28][29] Во 2006 година, тој го промовирал и финансиски го поддржал истражувањето на ракот, и во ноември истата година ја добил наградата „Верувајте во истражување“ од АИРК.[30] Во 2011 година, тој го започнал проектот „Ale10friendsforJapan“, кој тој го дизајнирал за да им помогне на жителите на Јапонија погодени од цунамито.[31] Учествувал и на бројни натпревари организирани за добротворни цели, како што бил Partita del cuore.

Тој е меѓу најбараните спортски личности од компании кои сакаат да ја рекламираат својата марка. Тој бил заштитно лице на брендови како Адидас,[32] Suzuki,[33] FIAT,[34] Bliss,[35] Пепси, CEPU, Disney, Woolmark,[36] Upper Deck[37] и Uliveto.[38] Тој, исто така, се појавил на насловните страни на некои изданија на фудбалски видео игри како FIFA и Pro Evolution Soccer.[39][40]

Во 2000 година, тој бил најплатен фудбалер во светот, собрано вкупно помеѓу приходите од плата и рекламирање.[41] Во 2011 година, тој бил втор најпопуларен фудбалер во Европа според IFFHS, зад Франческо Тоти,[42][43] додека во една анкета од 2012 година, гласачите го избрале за „спортист кој најмногу го сакаат италијанците“.[44]

Откако ги обесил копачките на клин, од 2015 година тој работи како стручен коментатор за телевизијата Sky Sport.[45] Претходно, во 2014 година тој бил прогласен за „глобален амбасадор“ на Азискиот куп 2015.[46] Тој, исто така, учествува на турнири резервирани за поранешни играчи, како што е Star Sixes, а од летото 2018 година поседува аматерски фудбалски клуб во Лос Анџелес, ЛА 10.[47] Надвор од фудбалот, во 2013 година заедно со актерот Патрик Демпси го основале автомобилскиот тим „Демпси/Дел Пјеро Рејсинг“,[48] кој го направил своето деби истата година на 24 часа Ле Ман и во Американската Ле Ман серија.[49]

Технички карактеристикиУреди

Клупска кариераУреди

Роден во Конељано, Дел Пјеро како дете редовно играл фудбал во дворот со својте тројца пријатели, Нелсо, Пјерпаоло и Џовани-Паоло. Сите четворица сонувале да станат фудбалери, но само Алесандро на крајот ќе успее да го стори тоа. Додека играл за локалниот младински тим на Сан Вендемјано на возраст од 7 бил користен на позицијата голман. Потоа Алесандро бил забележан од скаутите - го напушта домот и на возраст од 13 години му се укажува можност да игра во младинскиот состав на Падова. Тој ја добил првата шанса во професионалниот фудбал во 1991 година, кога тој настапуваше со својот клуб во италијанскта Серија Б и одиграл четири лигашки натпревари. Следната сезона тој одиграл десет натпревари за Падова и го постигна својот прв професионален гол.

Во 1993 година, Дел Пјеро направил трансфер во Јувентус, и останал таму до летото 2012. Дел Пјеро го направил своето деби во Серија А против Фоџа во септември 1993 година, а го постигнал својот прв гол во неговиот следен натпревар против Реџана откако влегол во игра како замена, а потоа го постигнал и својот прв професионален хет-трик против Парма во својот прв старт. Тој има одиграно дури четири финалиња во Лигата на шампионите, а воедно е и еден од најдобрите стрелци во историјата на ова натпреварување (89 настапи и 42 гола). Неговата најдобра сезона била 1997-98, кога тој постигнал 21 гол во Серија А и завршил како најдобар стрелец во Лигата на шампионите со 10 гола. Неговиот гол во финалето на Лигата на шампионите 1997, не можел да го спаси Јувентус од пораз со 3-1 од Борусија Дортмунд. Во октомври 1999 тој заработил сериозна повредата на коленото во натпреварот против Удинезе. Оваа повреда го оддалечила надвор од терените цела сезона. Во ова време, Дел Пјеро го заработил прекарот Пинтуричио, во однос на коментар од страна на поранешниот претседател Џани Ањели, кога тој го споредил со ренесансниот уметник Пинтуричио.

Една од најголемите предности на Дел Пјеро како фудбалер е неговата разновидност, што му овозможува него да игра во различни напаѓачки позиции.Додека тој ја започнал својата кариера како напаѓач,потоа е ротиран во формација во подлабоко улога како поддршка на напаѓачот.Кога е поставен Марчело Липи како тренер на Јувентус Дел Пјеро игра како пирамидален напаѓач заедно со ветераните Џанлука Вијали и Фабрицио Раванели.После тоа, тој ја презеде улогата во комбинација со Зинедин Зидан зад Филипо Инзаги. Како стилот на игра на Јувентус се променува во вториот престој на Липи како тренер, така и стилот на игра се менува кај Дел Пјеро, па така соработува со Зинедин Зидан и Павел Недвед во средниот ред и Давид Трезеге во нападот. По Европското Првенство во 2004, Марчело Липи беше заменет со Фабио Капело како тренер на Јувентус и на разочарување на многумина Капело не беше убеден во способностите на Дел Пјеро и често го сметаше како играч од втор план и речиси пола сезона ја грееше клупата за резерви во полза на новиот играч Златан Ибрахимовиќ. Но, Дел Пјеро сепак успеал да постигне 14 гола и така да му помогне на Јувентус да ја освои својата 28 титула. Во сезоната 2006/2007 Јувентус беше преместен во втората лига (Серија Б) и нивните последните две титули им беа одземени. Дел Пјеро соопшти дека тој ќе остане капитен на тимот во Серија Б.Тој истакна дека играчите треба да се држат со тимот, објаснувајќи дека "семејството Ањели го заслужуваат ова, како и фановите и новите директори".Додека голем број на клучни играчи како Ибрахимович, Замброта,Фабио Канаваро и Лилијан Тирам го напуштија Торино, Дел Пјеро избира да остане да игра во Серија Б и да му помогне на Јувентус да се врати на старите победнички патеки. Во текот на 2008-2009 Јувентус се враќа назад во Лигата на Шампионите, каде беа извлечени во истата група со поранешниот победник Реал Мадрид и победникот во УЕФА Купот Зенит Санкт Петербург. Фазата по групи ја поминаа на првото место но сепак 2009 година за Јувентус во Лигата на Шампионите завршила со разочарување откако тие биле елиминирани од Челзи во осминафиналето.

Во лигата, Јувентус беа главно предизвик за Милан за второто место и автоматски пласман во Лигата на Шампионите за наредната сезона. На 17 јули 2009 година, Алекс го продолжи неговиот договор со Јувентус за уште една година до 30 јуни 2011 година . За време на неговата обнова, тој изјавил: "Јас сум среќен во Јувентус, а ние сме конкурентни. Сакам да играм онолку долго колку што можам и јас сум сигурен дека барем уште две години ќе бидам на врвно ниво. Тој го забележал својот 445 настап во Серија А и тоа беше кршење на клубскиот рекорд на сите времиња. Тој е исто така, во моментов на врвот на сите времиња на листата за најдобар стрелец на Јувентус каде постигнал повеќе од 250 гола во сите натпреварувања. Има одиграно и над 600 настапи во официјалните натпревари за клубот, кршејќи го рекордот на Гаетано Ширеа кој имаше 552 настапи за Јувентус.

Во својата последна сезона во клубот, 2011-2012, Дел Пјеро го подигнал шампионскиот пехар во Серија А по една фантастична сезона кој ја одиграл клубот без да биде поразен во 38-те првенствени натпревари. На 11 април во својот 700-ти настап во дресот на Јувентус, го постигнал според многумина одлучувачкиот погодок за скудетото, со фантастично изведен слободен удар во самата завршница од натпреварот носејќи му на својот тим победа со 2-1 над Лацио. Во натпреварот од последното коло од првенството против Аталанта, Дел Пјеро свечено се опростил од навивачите на Јувентус додека траел натпреварот, а претходно во првото полувреме успеал да постигне и гол. За 19 сезони во дресот на Јувентус, Дел Пјеро освоил: 6 скудета, еден Куп на Италија, 4 Суперкупа, еден наслов во Лигата на шампионите, еден УЕФА Супер Куп, еден Интертото куп, еден Интерконтинентален куп и титула на Турнирот Вијареџо (турнир за млади играчи).

Репрезентативна кариераУреди

Дел Пјеро во моментов е четврт стрелец на Италија на сите времиња.. Неговото деби беше на турнирот Евро 96, но го направи своето појавување само во првата половина од натпреварот против Русија пред да биде заменет на полувреме.Играше и на Квалификациите и на Светското Првенство во Франција 1998 каде беа елиминирани во ¼ финалето токму од домаќинот Франција.Учествуваше и на Евро 2000 и пропушти две екслузивни шанси во поразот на Италија од Франција во финалето на Евро 2000. Тој се врати на меѓународната сцена во 2002 ФИФА Светско Првенство во Јапонија и Кореја. Почнувајќи од 2008 година, Дел Пјеро е капитен на Италија седум пати (вклучително и на Светското првенство во 2006 и Euro 2008.Тој, исто така редовно го носеше бројот 10, но подоцна ја даде на Франческо Тоти и го зеде дресот со бројот 7,иако тоа беше првиот број кој го носеше на себе,во почетокот на неговата кариера. Има добиено неколку меѓународни признанија меѓу кои: беше именуван во ФИФА топ 100 фудбалери, како и во листата на 125 најголеми живи фудбалери избрани од Пеле како дел од стогодишнината прослави ФИФА а исто така Бразилската ѕвезда Роналдињо прокламира дека Дел Пјеро му е идол.Во 2000 година исто така беше изгласан и одбран во листата на најдобрите европски играчи за изминатите 50 години.

Надвор од фудбалотУреди

На 9 февруари 2009 година, беше објавено дека Дел Пјеро поднесе тужба за крадење на авторските права во веб сајтот "Фејсбук" каде се појави лажен прфил кој го носеше неговото име а во тој профил беа користени врски со нацистички основи. Покрај постигнувајќи цели,Дел Пјеро исто така е познат по својата смисла за хумор и е популарен гостин на италијански комедии.

На телевизија,Дел Пјеро не е познат само по своите натпревари, но, исто така, за емитување и рекламирање вештини. Тој е под договор со германскиот производител на спортска опрема "Адидас", италијанскиот производител на автомобили "Фиат" и јапонски мотор компанија Сузуки.Во 2006 година тој се појави во телевизиска реклама за јапонските скутер Сузуки Бургман заедно со спортски агент Андреас Голер.

Дел Пјеро беше, исто така, вклучени на насловната страница на ЕА Спорт ФИФА 2004 видеоигра,заедно со Тјери Анри и Роналдињо.Тоа е потврдено дека ќе биде една од двете ѕвезди избрани на насловната страница на италијанската верзија на ПЕС 2010 (видеоигра),другиот е ѕвездата на ФК Барселона и Аргентина Лионел Меси.

Дел Пјеро ја има користено неговата слава и пари за промовирање и поддршка на борбата против рак и неговите истражувања.

ТитулиУреди

КлупскиУреди

  ЈувентусУреди

РепрезентативниУреди

ИталијаУреди

НаводиУреди

  1. Stefano Agresti (8 ноември 2014). "Auguri Del Piero, così diventò Pinturicchio". Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help).
  2. Marco Ansaldo (11 август 1995). "Agnelli: Schumacher è della Ferrari". La Stampa. стр. 23.
  3. Piero Serantoni (3 јуни 1997). "Agnelli: Lippi scienziato del calcio". La Stampa. стр. 30.
  4. "Alessandro Del Piero".
  5. Sandro Veronesi (13 јуни 2008). "Ale capitano, la scelta giusta". La Gazzetta dello Sport.
  6. Fabio Disingrini (17 јуни 2015). "Del Piero allenatore: storia e fallimenti dei grandi numeri 10 in panchina".
  7. "Dalla A alla Zico, i grandi numeri 10 del calcio internazionale". 10 октомври 2010. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help).
  8. Понекогаш во вкупниот збир не влегува голот постигнат на 13 септември 1994 година против ЦСКА Софија во Купот на УЕФА, поради суспензијата на натпреварот, но истиот е признаен од УЕФА.
  9. Alessandro Fulgenzi. "Buffon punta Scirea. Del Piero irraggiungibile".
  10. Тој би бил трет на ова рангирање ако се земе в предвид Џорџо Кинаља кој, според некој извори, постигнал најмалку 398 гола; сепак, во случајот со Кинаља не се бројат неговите голови постигнати за Њујорк Космос, бидејќи североамериканското првенство познато како НАСЛ почитувало само некој правила наметнати од страна на ФИФА.
  11. "La Top 11 delle bandiere di tutti i tempi". 6 јуни 2014. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help).
  12. "Your Verdict: 100 greatest ever footballers" (англиски). 7 ноември 2007.
  13. Marcelo Leme de Arruda (14 декември 2007). "AFS Top-100 Players of All-Time" (англиски).
  14. Erik Garin (21 декември 2006). "The UEFA Golden Jubilee Poll" (англиски).
  15. "Oscar del Calcio: Del Piero e Ibrahimovic dominano la scena". 20 јануари 2009.
  16. "Del Piero, Gullit, Conti e altre 7 leggende entrano nella 'Hall of Fame del calcio italiano'". 5 декември 2017. Занемарен непознатиот параметар |urlarchive= (help)
  17. "Del Piero, il contratto è un affare di famiglia". 30 agosto 2007. Архивирано од изворникот на 3 август 2012. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  18. "Profilo di Del Piero".
  19. "Una vita da campione" (PDF). Zai.net. 5 декември 1997. стр. 5.
  20. "Torino, nozze segrete per Alex Del Piero". 13 јуни 2005.
  21. Furio Zara (25 јануари 2019). "Gran gol di Del Piero. Ma è Dorotea, non suo papà".
  22. "La torcia Olimpica a Torino". 10 февруари 2006.
  23. "Del Piero: auguri in tv dagli Oasis".
  24. Mattia Barro (2 февруари 2020). "I migliori video musicali con i calciatori".
  25. "L'allenatore nel pallone 2". Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help).
  26. "Alex Del Piero attore per un giorno". 5 март 2014.
  27. . La Gazzetta dello Sport http://archiviostorico.gazzetta.it/1998/maggio/31/Del_Piero_batte_Ronaldo_all_ga_0_9805319923.shtml. Занемарен непознатиот параметар |titolo= (се препорачува |title=) (help); Отсутно или празно |title= (help)
  28. "Airc, maratona in Rai per i fondi alla ricerca". Corriere della Sera. 31 ottobre 2008. стр. 25. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  29. Anche Alessandro Del Piero nello spot australiano contro l'omofobia. 11 април 2014. http://video.corriere.it/anche-alessandro-piero-spot-australiano-contro-l-omofobia/fe9587a0-c14c-11e3-9f36-c28ea30209b6. 
  30. "Palazzo del quirinale 24/11/2006".
  31. "ALE10FRIENDSFORJAPAN". 1 април 2011.
  32. Lorenzo Vendemiale (21 август 2014). "La nazionale dei griffati". il Fatto Quotidiano.
  33. "Alex Del Piero è il nuovo testimonial Suzuki Mr. Burgman". 20 јануари 2006.
  34. Matteo Fantozzi (18 март 2011). "Auto dei Vip: Alessandro Del Piero e la sua Fiat 500 numero "10"".
  35. "Bliss, il nuovo testimonial è Alessandro Del Piero". 9 мај 2003. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help).
  36. "Alessandro Del Piero è il testimonial di Woolmark". 20 октомври 2015. Посетено на 6 јули 2020.
  37. "Del Piero, che faccia da spot". La Gazzetta dello Sport. 8 мај 1998.
  38. "Alex e Cristina". Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help).
  39. "Del Piero accanto a Messi in Pro Evolution Soccer 2010". 16 јули 2009. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help).
  40. "Del Piero testimonial di PES 2010". 16 јули 2009.
  41. Malcolm Foster (26 април 2000). "Football: pounds 6.4m-a-year Del Piero world's best-paid player at" (англиски).
  42. "The World's Most Popular Footballer Amongst Currently Active Players in 2011" (англиски).
  43. Gianluca Piacentini (20 јануари 2012). "Francesco Totti, il giocatore più popolare d'Europa".
  44. "Del Piero è lo sportivo più amato degli italiani". 4 settembre 2012. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  45. Massimo Mazzitelli (2 јули 2015). "La nuova stagione di Sky: arrivano Del Piero e 1619 partite in diretta".
  46. "Del Piero ambasciatore della Coppa d'Asia 2015". 25 март 2014.
  47. "'LA 10 FC', Del Piero proprietario di un club a Los Angeles: giocherà in UPSL". 24 февруари 2019.
  48. Francesco Tedeschi (22 јануари 2013). "Alessandro Del Piero e Patrick Dempsey fondano un team automobilistico".
  49. "24 Ore Le Mans". 24 јануари 2013.

Надворешни врскиУреди

Спортски позиции
Претходник
Антонио Конте
 
Капитен на Јувентус

2001–2012
Наследник
Џанлујџи Буфон
Претходник
Џампјеро Бониперти
 
Најдобар стрелец на Јувентус

30 октомври 2010

Викицитат има збирка цитати поврзани со: