Александриска патријаршија

Александриската Православна црква (грчки: Πατριαρχεῖο Ἀλεξανδρείας καὶ πάσης Ἀφρικῆς) е помесна автокефална црква, која во православниот свет се наоѓа на второто место со ранг на патријаршија.

Александриска патријаршија
Црквата Свети Ѓорѓи во Каиро
Јазикгрчки, арапски, англиски, француски и неколку африкански дијалекти
СедиштеАлександрија и Каиро во Египет
ТериторијаЕгипет, Судан, Либија, Етиопија, Уганда, Кенија, Танзанија
ВладенијаNone
ОсновачСвети Марко
НезависностАпостолска ера
Признавањеправославие
Мрежно местоGreek Patriarchate of Alexandria (Official site)

Историја

уреди
 
Црквата „Св. Благовештение“ во Александрија

Според легендата, црквата била основана од страна на Свети Марко. Од 451 година, Александриската црква има ранг на патријаршија, и била трета по важност во христијанството, веднаш по црквите во Рим и Цариград. Но кон крајот на 5 и почетокот на 6 век, црквата била ослабнета поради појавата на монофизитството. Во 6 век започнала арапската инвазија, која дополнително придонело за намалување на важноста на црквата. Подоцна, територијата на Александрија паднала под власта на Османлиите, каде се нашла под јурисдикција на Цариградската патријаршија.

Од оваа патријаршија произлегле голем број на светци, меѓу кои најпознати се: Свети Атанасиј Велики и Кирил Александриски, потоа теолозите како Климент Александриски и Ориген.

Денеска црквата се занимава главно со мисионерска дејност, главно во Кенија, Танзанија и Уганда. Од 2004 година, патријарх на Аклександриската црква е Теодор II.