Александар Саша Трајковски

македонски писател и лекар

Aлександар Саша Трајковски (р. 28 март 1985 во Битола) — македонски поет, преведувач и толкувач, редовен член и дел од Македонското научно друштво - Битола.[1] По професија е дипломиран лекар.


Александар Саша Трајковски
Aleksandar-Sasha-Trajkovski-w.jpg
Александар Саша Трајковски
Роден/аАлександар Трајковски
28 март 1985
Битола, Македонија
Занимањелекар, поет и преведувач
НационалностМакедонец
ОбразованиеУниверзитет по медицина и фармација „Карол Давила“ - Букурешт, Романија. Специјализација на Медицински факултет - Скопје.


БиографијаУреди

Трајковски е роден на 28 март 1985 година Битола, каде што има завршено основно училиште во ОУ „Гоце Делчев“ и средно училиште во гимназијата „Јосип Броз Тито“, а студиите по медицина ги завршил на Универзитетот по медицина и фармација во Букурешт, Романија.[2]

Член е на Македонското лекарско друштво (МЛД), Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Северна Македонија (ЗПРМ) и член на Македонското научно друштво - Битола.

Преведува литературни дела од истакнати современи писатели на романски јазик и за реномирани книжевни организации, како што се Струшките вечери на поезијата (СВП).

БиблиографијаУреди

  • Кратки поеми за најмладите боеми (поезија за деца, 2021)
  • Лирски елегии (поезија за возрасни, 2021)[3]
  • Поеми од Балканот (поезија за возрасни, 2021)[3]

НаградиУреди

За двете збирки поезија „Лирски елегии“ и „Поеми од Балканот“, Трајковски ја има добиено наградата „Душата на чаршијата“ за најдобра поетска збирка.[4]

Наводи:Уреди

  1. „д-р Александар Саша Трајковски“. Македонско Научно Друштво - Битола. 2021-07-12. Посетено на 2021-12-24.
  2. „Биографија“. Д-р Александар Саша Трајковски. Архивирано од изворникот на 2022-04-08. Посетено на 2022-04-03.
  3. 3,0 3,1 Февруари, 2; Вести, 2022 | (2022-02-02). „ЛЕКАРОТ АЛЕКСАНДАР ТРАЈКОВСКИ ОБЈАВИ ДВЕ КНИГИ ПОЕЗИЈА“. СМАРТ - СДК МК. Посетено на 2022-04-03.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  4. https://www.mkd.mk/kultura/knizhevnost/lirski-elegii-i-poemi-od-balkanot-novi-knigi-na-d-r-aleksandar-sasha-trajkovski?fbclid=IwAR3n6vqWZjnx3dBPte_S27g-HfmDvT5-ZubLvXKUGPq2eMIegO8oZ2KXHj8

Надворешни врски:Уреди