Александар Настески
Александар В. Настески (Зубовце, Гостиварско, 1948- Тетово, 2023) — македонски ликовен уметник[1] и еден од истражувачите на карпестата уметност на Шар Планина[2]. Дипломирал како сликар-костимограф на Белградскиот универзитет во Србија. Тој работи најчесто со масло, односно комбинација на пејзажи, портрети и мртва природа. Член е на Здружението на ликовни уметници од Тетово. Во јуни 2010 во Центарот за култура во Тетово ја одржал својата 26 самостојна изложба[3]. Починал на 19-ти јануари 2023 година во Тетово[4].
Наводи
уреди- ↑ Бошковска, Надица (2000). Библиографија на македонската ликовна уметност (2. изд.). Народна и Унивезитетска библиотека „Климент Охридски“.
- ↑ Тоевски, Свето (10 ноември 2008). „КАРПИТЕ НА ШАРА КАКО РИТУАЛНИ СВЕТИЛИШТА Адам од Пена“. Вест. Посетено на 2010-10-28.[мртва врска]
- ↑ „„Вечни симболи" - изложба на Александар Настески“. Утрински Весник. 1 јуни 2010. Посетено на 2010-10-28.
- ↑ Самарџиев, Александар (2023-01-19). „Почина академскиот сликар и уметник Александар В. Настески“. Тетово Инфо. Посетено на 2023-01-19.
Надворешни врски
уредиОваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |