Албански сојуз (албански: Lidhja Shqiptare; LSH) — поранешна десничарска политичка партија во Македонија. Основана e на 28 ноември 2010 од страна на Ваљон Беља, водач на тогашната невладина Реалитети, која де факто станала и партија. Партијата го имала за цел кантонскиот модел на демократија.[1] На промоцијата на партијата, Ваљони излегол со радикални залагања за промена на политичкиот систем и за кантонизација на Македонија. Неговите предлози биле Македонија да биде поделена на три кантони - едниот етничко чист албански, другиот македонски и третиот етнички мешан кантон. Но, според упатените, тоа било само обид партијата да привлече поголемо внимание и да се претстави како силен субјект.[2] На 21 февруари 2011 година, партијата официлално се споила во ДПА на Мендух Тачи, со што формално и правно престанала да постои.[2]

Албански сојуз
ВодачВаљон Беља
Основана28 ноември 2010
Идеологијаекстремен национализам, федерализам, кантонизам
Полит. положбадесница
Боицрвена и црна
Политика на Република Македонија
Политички партии
Избори

Наводи уреди

  1. „Lidhja Shqiptare, parti e re politike në Maqedoni“ (албански). shqipmedia. Архивирано од изворникот на 2011-01-14. Посетено на 2011-02-21.
  2. 2,0 2,1 Унковска, Светлана (21 февруари 2011). „Тачи со Беља ќе го освојува Скопје“. Утрински Весник. Посетено на 2011-02-22.