Акротерион
Акротерион или акротериум (старогрч. ἀκρωτήριον = врв, лат. acroterium) е архитектонски орнамент кој стои на рамна основа наречена „акротер“ или плинта, кој стои на највисоката точка на фронтон на зграда во класичен стил. Може да стои и на аглите на фронтонот; ваквите акротериони се нарекуват acroteria angularia (аголни акротериуми). Акротероинот постои во најразлични облици, како статуа, триножник, диск, ќуп, палмета или некој друг извајан елемент. Овој архитектонски елемент се среќава и кај готската архитектура, но со карактеристичен готски изглед.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Енциклопедија Британика - Акротерион (англиски)