Административна поделба на Сао Томе и Принсипе
Административната поделба на Сао Томе и Принсипе ја опфаќа првостепената и второстепената административна поделба на државата. Како првостепена административна поделба се јавуваат покраините, додека како второстепени се окрузите.


Покраини Уреди
Сао Томе и Принсипе се поделени на две покраини:
- Сао Томе - најголема покраина и главен град е Сао Томе. Најголем дел од населението на државата живее во оваа покраина. Покраината ги опфаќа островот Сао Томе и околните помали острови.
- Принсипе - најмала покраина и главен град е градот Санто Антонио. Покраината го опфаќа островот Принсипе со околните помали островчиња.
Окрузи Уреди
Државата е поделена на седум окрузи, од кои шест се во покраината Сао Томе, а една е во Принсипе.