Во реалниот живот многу често се среќаваме со агенти. Најчесто тоа се луѓе кои се специјализирани за одредена област, тие вршат одредена функција и притоа постигнуваат одредена цел. Пример за такви агенти може да бидат маркетинг агентите, осигурителни агенти, инспектори од служби и многу други. Но постојат и други реални агенти кои не се луѓе, односно тие заменуваат одредена функција која треба да ја врши човек. Како такви најчесто се јавуваат софтверските агенти. Во вештачката интелегенција постоеше стремеж наместо работа на комплексни проблеми, како производна контрола и медицински дијагнози, да се фокусира вниманието на изработка на софтвер за попрости задачи, како водење на планери, филтрирање на електронска пошта и он-лајн информациски извори. Благодарение на едноставноста на задачите, тие беа попривлечни за развој и имплементација. Овие апликации беа именувани како агенти бидејќи се справува со рутинските задачи на корисниците. Денес, овие агенти засновани на софтвер се наречени софтверски агенти.

Сегашните трендови ни даваат јасно на знаење дека софтверската комплексност ќе продолжи да се зголемува драматично во декадите што наидуваат. Динамичката и дистрибуираната природа на податоците и апликациите побарува софтверот не само да одговори на барањата, туку да учествува, да се ажурира и активно да бара начини за да ги задоволи побарувањата на корисниците. Не само што овие системи треба да помогнат во координацијата меѓу луѓето, туку и да се справат со соработка со дистрибуираните програми. Како одговвор на овие барања и како резултат на трудот на истражувачите од повеќе области, започна развојот на софтверските агенти. Улогата на агентите е да го подобрат учењето и да му пружат интелегенто решение на корисникот каде што интерфејсите со директна манипулација не можат.

Покрај способноста на нивно межусебно комуницирање, можат уште да дадат интелегентни решенија за проблеми помеѓу слабо поврзани компоненти на дистрибуираните системи. Нивната примена е во секојдневниот живот, бизнис едукација, забава и во индустријата. Во понатамошниот текст ќе се запознаеме со одликите на агентите, нивните поделби и класификации, структура, примери за агенти, агнетски системи.

Одлики на софтверски агенти уреди

Во основа софтверскиот агент е автономен софтверски ентитет способен за интеракција со својата околина, набљудувајќи ја со сензори, и делувајќи со ефектори.

Софтверски агент е апстракција, логички модел кој опишува софтвер кој делува во име на корисникот, односно ја има моќта да одлучува кога (и дали) одредена акција е погодна.

Агентите се способни за интеракција со други видови на ентитети: лиѓе, машини и други софтверски агенти во различни околини и платформи.

Некои општи особоини на агентите:

  • автономност: способност за бирање на задачи, приоритизација, насочено одлучување, одлучување без човечка интеренција.
  • интерактивност: комуницира со околината и други агенти.
  • рационални: способни за делување на начин кој не е секогаш предвидлив.
  • упорност: кодот на агентот не се извршува на барање, туку работи постојано и сам одлучува кога ќе изврши одредена активност.
  • кооперативност: соработува со други агенти за да постигне одредена цел.
  • реактивност: реагира на промените на околината.
  • флексибилност: повеќе начини за извршување на една здача.

Посотојат и други особини на агентите. На пример некои агенти се способни да учат, односно да се адаптираат на навиките на корисникот, со што можат поефикасно да го опслужат, или ако некој агент се користи со некоја софтверска алатка, може да научи да ја користи поефикасно. Нудат флексибилност, способност да ја перцепцира околината и да ја менува својата реакција. Ова може да се постигне со додавање на правила за решавање на проблеми или алгоритми.

Класификација на агенти уреди

Во зависност од доменот во којшто датираат агентите се разликуваат меѓу себе, маѓутоа сепак можат да се класифицираат во неколку карактеристични калси како што се:

Користена литература уреди

  • В.Трајковиќ:Експертни системи - скрипта. ФЕИТ, УКИМ, Скопје, 2010