Џуанците или Жуанзи (џуаншки: Bouчcueŋь/Bouxcuengh, кинески: 壮族 пинјин: Zhuàngzú) се етничка малцинска група која живее во НР Кина, односно околу 87% од вкупниот број на Џуанците. Џуанците зборуваат на џуаншки јазик, службениот јазик на Автономниот регион Гуангсји.

Џуанци
Bouчcueŋь/Bouxcuengh
Податотека:Xiao Chaogui's sculpture.jpg
Джуанци во Јинан
Джуанци во Гуангсји
Ли Линг-гимнастичарка
Вкупен број
~18.54 милиони(според пописот од 2010 г.)
Подрачја со значајно население
 Кина АР Гуангсји14.207.143(2000)[1]
 Кина Јинан1.144.021(2000)[2]
 Кина Гуангдунг570.200[3]
 Кина Гуејџоу52.065(2000)[4]
 Кина Хајнан50.507 (2000)[5]
 Кина Хунан23.559 (2000)[6]
 Кина Хебеј20.832 (2000)[7]
 Кина Џеџанг18.998 (2000)[8]
 Кина Фуџен10.818 (2000)[9]
 Кина Џангдин8.934 (2000)[10]
 Кина Хубеј7.824 (2000)[11]
 Кина Пекинг7.322 (2000)[12]
Јазици
џуаншки јазик, кинески јазик
Вероисповед
претежно тибетски будизам
Сродни народи
Буејци, Тауци

Дефиниција уреди

 
Џуаншкa народна носија

Џуаншкиот народ грубо може да се подели на две подгрупи: источни и западни Џуанци. Во поширока смисла, со поимот „џуаншки народ“ се означува секое население што зборува на еден од џуаншките јазици. Името „Џуанци“ за првпат се појавило во 10 век во записите на Кинезите. Точното потекло на џуаншките јазици не е познато.

Распространетост уреди

Денес, Џуанците живеат во Кина, Виетнам, Лаос, Мјанмар, Тајланд и неколку останати азиски земји. Називот на населението и на племињата се различни во зависност од земјите. Кинескиот попис од 2000 година покажал дека во НР Кина живеат 16.18 милиони Џуанци. Кинескиот попис од 2010 година покажал дека во НР Кина живеат 18,5 милиони Џуанци и е најголема етничка малцинска група во НР Кина, и се воглавно сконцентрирани во Автономниот регион Гуангсји. Иако поголем процент на населението се Кинези, во регионот има два службени јазици: кинески јазик и џуаншки јазик. Населението на Автономниот регион Гуангсји се состои од 32.3 % Џуанци, поточно 14,2 милиони луѓе (според пописот од 2000 г).[1] Во покраините Јинан и Гуангдунг, Џуанците се народ со околу 2.300.000 луѓе(според пописот од 2010 г.)[2]

Наводи уреди

  1. „Попис од 2000 г.“. Архивирано од изворникот на 2018-11-09. Посетено на 2012-02-05.
  2. според пописот од 2010 г. ISBN 7105054255

Надворешни врски уреди