Џон Реј (англ. John Ray, до 1670 го испишувал своето име како John Wray; 29 ноември 1627 во Есекс17 јануари 1705 исто така) бил англиски природонаучник. Бил член на Кралското друштво.

Џон Реј.
За други луѓе со истото име, видете Џон Реј.

Објавил неколку важни работи за растенијата и животните, како и класичната работа во традицијата на природната теологија — „Мудроста Божја, отелотворена во творбата“ (Wisdom of God, Manifested in the Work of Creation, 1691).

Во делото Methodus plantarum novae (1682) прв ја вовел поделбата на растенијата на дикотиледони и монокотиледони и ја дал првата биолошка концепција за видот.

Полемизирал по прашањата за класификација на растенијата со Жозеф Питон де Турнфор и Август Ривинус.

Го проучувал влијанието на светлината врз бојата на растенијата.

Познат е и како собирач на англиски поговорки и легенди.

Биографии уреди

  • Charles E. Raven. John Ray: Naturalist: His Life and Works, 1950

Надворешни врски уреди