Бранимир Штулиќ - Џони

(Пренасочено од Џони Штулиќ)

Бранимир Штулиќ Џони (роден на 11 април 1953 во Скопје) — рок-музичар, основач и некогашен пејач на загрепската група Азра. Претставник на таканаречениот Нов Бран на југословенската рок-музика од периодот на залезот на 1970-тите и 1980-тите години на XX век[1].

Бранимир "Џони" Штулиќ
Животописни податоци
Родено имеБранимир Штулиќ
Познат(а) и какоЏони
Роден(а)11 април 1953(1953-04-11)(70 г.)
Скопје, НР Македонија, ФНРЈ
ПотеклоЗагреб, НР Хрватска, ФНРЈ
ЖанровиРок, Фолк рок, Фолк
Алтернативен рок
Занимањамузичар
Инструментивокал, гитара
Период на активност19771991, 1998
ИздавачиЈуготон
СоработнициАзра

Бранимир Штулиќ - Џони извршил големо влијание на цела генерација луѓе кои пораснале со неговите ноти и стихови. Од почетокот на 1990-те години се преселил во Утрехт, Холандија[2], повлекувајќи се од јавниот живот, останувајќи „глув“ на разните повици да се врати на Балканот и во рок-музиката. И покрај едноиполдецениската неактивност неговото музичко влијание е сѐ уште огромно. Во негова чест се одржуваат рок-настани под име Tribute to Azra. Познат е како единствен музичар на балканските простори кој објавил тројни и четворни албуми. На почетокот на 1980-тите години сам си нанел најголема штета со хиперпродукција - за само три години издал еден обичен, два дупли и еден троен албум, вкупно 8 плочи. И покрај впечатливиот музички израз, за негова најсилна доблест се сметаат стиховите.

Своевиден куриозитет кој недвосмислено ја потврдува неговата големина, е правењето бисти со неговиот лик: ниту еден друг музичар, ниту уметник воопшто, не дочекал соработниците и обожавателите да му прават (ненарачани) бисти за време на животот. Неговиот култ опстојува сам од себе - култот на неговата личност сѐ уште живее, и покрај дводецениската неактивност, и покрај тоа што нема организација која би се грижела за одржување на култниот статус.

Емигрантските години во Холандија ги поминува во рекреативно играње мал фудбал, и има освоено повеќе први, втори и трети места на турнири, со различни состави на соиграчи.

Наводи уреди

  1. Vjekoslav Perica (2014). „Heroes of a New Kind“. Post-Yugoslavia: New Cultural and Political Perspectives. Palgrave Macmillan UK. стр. 116–117. ISBN 978-1-137-34614-8. The Macedonia-born Štulić (of Croatian family background) ... His family background is Croatian but he declared himself a "Balkanian"
  2. „VL Biografije: Branimir Johnny Štulić“ (хрватски). Večernji list. Архивирано од изворникот на 2016-09-19. Посетено на August 17, 2016.

Надворешни врски уреди