Џенс Твед
Џенс Твет (14 јуни 1857 – 3 септември 1935) бил норвешки романописец и раскажувач. Роден е во Квинхерад. Своето литературно деби го направил во 1885 година со збирката раскази „Во Фјордовите“. Во своите приказни тој често го прикажувал секојдневниот живот на земјоделците од Западна Норвешка. Бистата на Твет, извајана од Стале Килингштад, била откриена во Ставангер во 1932 година. Биографиран е од Арне Еспеленд во 1959 година.[1]
Избрани дела
уреди- Во Фјордовите - Inn i Fjordane. 1885.
- Љубов. 1887.
- Ванхепа. 1891.
- Брита-Пер. 1895.
- Мадли и Апален. 1900.
Наводи
уреди- ↑ Dahl, Willy (1984). Tid og tekst 1884–1935. Norges litteratur (норвешки). 2. Oslo: Aschehoug. стр. 60–63. ISBN 82-03-10571-8.
- Espeland, Arne (1959). Jens Tvedt. Glimt frå vokstergrunnen og livet hans (норвешки).
- Hallberg, Peter (1968). „Bondenaturalism. En studie i Jens Tvedts tidiga diktning“. Edda. Scandinavian Journal of Literary Research (шведски).
Надворешни врски
уреди- Дигитализирани книги од Твед во Националната библиотека на Норвешка