Џелбартов Леден Гребен

Џелбартов Леден Гребенледен гребен кој зафаќа дел од брегот на источен Антарктик, во близина на Брегот на Принцезата Марта на Земјата на Кралицата Мод, во областа на Морето на Кралот Хокон VII, дел од атлантскиот сектор на Јужниот Океан. Се протега од висорамнината Халвфариуген на запад до ледените куполи Кругл и Нов, каде што се поврзува со Фимбулискиот Леден Брег. Неговата должина и ширина е околу 70 км. Јужно од него се крајбрежната планина Вите (454 м), висорамнините Јеверјуген (1470 м) и Рихер (1770 м) и нунатаците Бореас, од кои се спушта големиот ледник Шетбрин и „се влева“ во ледениот гребен. Џелбартовиот Леден Гребен бил откриен во февруари 1951 година и топографски бил фотографиран и мапиран од заедничката норвешко-британско-шведска експедиција (1949–52) предводена од Џун Евер, кој го нарекол новооткриениот леден гребен во чест на трагично починатиот Австралиец и член на експедицијата Џон Елис Џелбарт (1926 –1951).

Џелбартов Леден Гребен во рамките на Антарктик
Џелбартов Леден Гребен
Местоположба на гребенот

Поврзано уреди

Наводи уреди

  Оваа статија содржи материјал во јавна сопственост од Геолошкиот топографски институт на САД (USGS) — документ: „Џелбартов Леден Гребен“ (содржини од Информативниот систем за географски имиња). (англиски)