Џек Рајмонд Колбак (роден на 24 октомври 1989) е англиски фудбалер, играч од средниот ред на Њукасл Јунајтед во англиската Премиер лига.

Англија Џек Колбак
Jack Colback 2012.jpg
Лични податоци
Полно име Џек Рајмонд Колбак[1]
Роден на 24 октомври 1989 (1989-10-24) (30 г.)[2]
Роден во Килингворт, Англија
Висина &100000000000001750000001,75 м[2]
Позиција играч од средниот ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Њукасл Јунајтед Њукасл Јунајтед
Број 4
Младинска кариера
Сандерленд Сандерленд
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2008-2014 Сандерленд Сандерленд 106 (3)
2009-2010Ипсвич Таун Ипсвич Таун 37 (4)
2010-2011Ипсвич Таун Ипсвич Таун 13 (0)
2014- Њукасл Јунајтед Њукасл Јунајтед 33 (4)
Репрезентација
2009 Англија Англија 20 1 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

КариераУреди

КлубовиУреди

СандерлендУреди

Колбак е роден во Килингворт, Северен Тајнисајд, и му се приклучил на Сандерленд на возраст од 10 години.[3]

Тој се вратил во Сандерленд од позајмица во Ипсвич Таун на крајот од сезона 2009-10 и го направил своето деби во Премиер лигата влегувајќи како замена во 76-тата минута против Вулверхемптон. Подоцна во натпреварот тој бил исклучен поради добивање на два жолти картони,[4] така што неговото деби траело само девет минути. На почетокот на следната сезона, тој го направил своето деби на домашен терен за Сандерленд против Колчестер Јунајтед во натпревар од Лига купот на 24 август 2010 година.

По уште еден позајмица во Ипсвич, Колбак се вратил во Сандерленд во јануари 2011 година, и неговите појавувања за клубот зачестиле. Колбак започнал во стартните 11 на Сандерленд во натпреварот од 3.круг на ФА Купот каде биле поразени од Нотс Каунти на 8 јануари. Потоа влегол од клупата кога црните мачки одиграле 1-1 против месните ривали и тимот за кој Колбак навивал како дете, Њукасл Јунајтед, на 16 јануари. Тој, исто така се појавил како резерва во второто полувреме и во натпреварот во кој Сандерленд извлече 0-0 со Арсенал на 5 март. Колбак го направил својот прв старт во Премиер лигата за Сандерленд во нивниот пораз со 2-0 од Бирмингем Сити на 16 април.[5] Колбак исто така, бил стартер и следната недела кога Сандерленд го победил Виган Атлетик со 4-1. Најдобрите перформанси во клубот Колбак ги имал во нивната победа со 2-1 против Болтон Вондерерс на 7 мај 2011 година.[6] Колбак ја демонстрирал својата флексибилност со тоа бил поставен како лев бек во последниот натпревар за сезоната против Вест Хем Јунајтед.[7]

Колбак го започнал првиот натпревар од сезоната 2011-12, против Ливерпул на Енфилд кој завршил 1-1. Тој го одиграл целиот натпревар како партнер на Ли Катермол во центарот на средниот ред. На 26 декември 2011, Колбак го постигнал својот прв гол за клубот, на асистенција на Стефан Сесењон, во ремито 1-1 со Евертон во Премиер лигата.[8] Колбак одиграл фантастичен натпревар на позицијата лев бек во новогодишното коло против Манчестер Сити, и помогнал Сандерленд да дојде до изненадувачка победа против лидерите во тој момент во Премиер лигата. Тој повторно одиграл добро како лев бек во победата со 4-2 над Виган, два дена подоцна, каде што заработил повреда на коленото која го извадила од акција за неколку недели. На 5 јануари 2012 година, тој потпишал продолжување на својот договор за уште две години кој треба да го задржи во клубот до јуни 2014 година..[9]

 
Момент од радоста на играчите на Сандерленд после голот за изедначување на Колбак против Кардиф Сити

Во сезоната 2012-13 сезона Колбак бил еден од најстандарните играчи на Сандерленд со 35 првенствени настапи без постигнат погодок. Повеќе настапи за клубот од него имале само голманот Симон Мињоле и Себастијан Ларсон. Во текот на оваа сезона Колбак најчесто играл како лев бек поради повредата на единствениот играч во клубот кој природно игра на таа позиција Дани Роуз, но исто така еднаш играл и како десен бек кога Сандерленд го совладал Њукасл со 3-0.

По враќањето во Тотенхем на позајмениот оттаму Роуз, Колбак ја започнал сезоната 2013-14 како прв избор на Сандерленд на позицијата лев бек, пред да биде вратен назад како внатрешен играч од средниот ред од страна на Густаво Појет. На 28 декември Колбак постигнал гол во последните секунди од судиското продолжение за да го спаси од пораз својот тим против Кардиф Сити (2-2). На 1 јануари, Колбак го направил својот 100-ти настап во Премиер лигата во поразот на домашен терен со 1-0 дома од Астон Вила. Тој го постигнал својот втор гол за сезоната на 1 февруари 2014 година, запечатувајќи ја победата на црните мачки со трет гол во победата со 3-0 на гости против Њукасл Јунајтед.[10] Тој го постигнал својот трет гол за сезоната на 7 мај 2014 година, постигнувајќи го првиот гол во победата со 2-0 над Вест Бромвич Албион, помагајќи му на Сандерленд да го задржи прволигашкиот статус за следната сезона што значело испаѓање за Норич Сити во Чемпионшип.[11]

Њукасл ЈунајтедУреди

На 9 јуни 2014, Колбак потпишал за Њукасл Јунајтед како слободен играч.

Репрезентативна кариераУреди

Колбак има еден настап за англиската репрезентација до 20 години, каде што тој играл во победата со 2-0 против Италија.

Статистика на кариератаУреди

[12]

Клуб Сезона Лига ФА куп Лига куп Вкупно
Натп. Гол. Натп. Гол. Натп. Гол. Натп. Гол.
  Сандерленд 2009–10 1 0 0 0 0 0 1 0
2010–11 11 0 1 0 1 0 13 0
2011–12 35 1 4 1 1 0 40 2
2012–13 35 0 2 0 3 0 40 0
2013–14 24 2 4 0 5 0 33 2
Вкупно Сандерленд 106 3 11 1 10 0 127 4
  Ипсвич Таун (заем) 2009–10 37 4 2 1 2 0 41 5
2010–11 13 0 0 0 1 0 14 0
Вкупно Ипсвич 50 4 2 1 3 0 55 5
Вкупно во кариерата 156 7 13 2 13 0 182 9

Надворешни врскиУреди

НаводиУреди

  1. "Статистика" (PDF). Премиер лига. Посетено на 2010-01-11.
  2. 2,0 2,1 "Профил". ФК Ипсвич Таун. Посетено на 2009-08-19.
  3. "Џек Колбак". Unknown parameter |Издавач= ignored (help); Unknown parameter |Accessdate= ignored (|accessdate= suggested) (help)
  4. http://www.safc.com/page/MatchReport/0,,10281~47536,00.html
  5. http://www.thenorthernecho.co.uk/sport/8987692.Colback___s_keen_to_prove_his_class_after_full_debut/
  6. Jolly, Richard (9 May 2011). "Boudewijn Zenden shows his staying power to give Sunderland hope". The Guardian. London.
  7. http://www.thenorthernecho.co.uk/sport/football/sunderland/9041857.West_Ham_United_0_Sunderland_3/
  8. "Sunderland 1 - 1 Everton". BBC Sport. BBC. 26 December 2011. Посетено на 27 December 2011.
  9. "Џек Колбак го продолжи договорот со Сандерленд" BBC Sport. 5 јануари 2012. Retrieved 10 јануари 2012.
  10. "Newcastle 0-3 Sunderland". BBC. 1 February 20143. Посетено на 1 February 2014. Check date values in: |date= (help)
  11. "Sunderland 2 - 0 West Bromwich Albion". BBC Sport. 7 May 2014. Посетено на 26 July 2014.
  12. Jack Colback - профил на Soccerbase