„Џез“ (англиски: Jazz) — роман на американската писателка Тони Морисон од 1992 година.

Содржина

уреди

Романот е страсна приказна за љубовта и опсесијата, проткаена со жестоки емоции. Зимата 1926 година, Џо Трејс, средовечен продавач на козметички производи, ја убива својата млада љубовница. За време на погребот, Виолета, сопругата на Џо, го напаѓа трупот на мртвата девојка.[1]

Осврт кон романот

уреди

„Џез“ се смета за едно од најдобрите дела на Морисон. Во неа ритмички пулсираат живата музика и животниот стил од 1920-тите години. Онака како што често џез-музиката е нескротена, слободна и хаотична, така се претопуваат и настаните во романот, временските и просторните нишки се плетат една во друга, се мешаат минатото и иднината, а прозниот текст се претвора во поезија и музика.[2]

Наводи

уреди
  1. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 11.
  2. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 11.