Џезаир Шаќири

Политичар од Македонија

Џезаир Шаќири (албански: Xhezair Shaqiri; Танушевци, Скопско, 15 мај 1965), повеќе познат во јавноста како Командант Хоџа — македонски политичар и поранешен член на ОНА. Има средно образование. Добро зборува француски, англиски и германски јазик[1]..

Џезаир Шаќири
Xhezair Shaqiri

ПрекариХоџа
Род ОНА
Битки/војниВоен конфликт во Македонија, 2001

Тој бил еден од првите команданти на ОНА, уште од времето кога бил убиен првиот припадник на македонската полиција, во 2000 година. Со започнувањето на конфликтот дејствувал во Куманово и Липково и во селото Арачиново.

Според некои извори, Шаќири се смета за исламско-фундаменталистички фанатик. Тој бил директен извршител на убиство на припадникот на МВР во трговскиот центар Чаирчанка во Скопје[2].

На 24 јули 2001 година бил ставен на македонската црна список на граѓани[3], а на 27 јули е ставен и на списокот на американскиот претседател Џорџ Буш[4].

По крајот на конфликтот во Македонија, тој согласно новиот закон за амнестија, бил ослободен кривично[5]. На 19 декември 2001 година, врз него бил извршен атентат кај Витина, Косово со испукување на најмалку 7 куршуми. По ова бил пренесен во болница во американскиот воен камп Бондстил, од страна на УМНИК. Се верува дека аентатот е поврзан со проневера на огромна количина пари од фондот „Татковината повикува“.

По војната, станал пратеник во македонското собрание. Се смета дека Џезаир Шаќири стои зад голем број на нелегални операции во Македонија, како шверц на оружје и дрога. Во 2007 година објавил независност на селото во кое е роден, Танушевци, од Македонија, и негово припојување кон Косово.[6]

Во мај 2018 година од страна на премиерот Зоран Заев е назначен за советник на премиерот во областа на внатрешната безбедност и радикализмот. Според Заев тој може многу да помогне доколку се појават одредени екстремистички и радикални групи во местото каде што потекнува и регионот, и истовремено може да помогне во концептот на премиерот за едно општество за сите граѓани.[7]

Наводи

уреди
  1. „Собрание на Република Македонија: Џезаир Шаќири“. Архивирано од изворникот на 2013-04-07. Посетено на 2011-02-16.
  2. „Бела Книга- Теророзмот на т.н. Ослободителна национална армија“, Министерство за Внатрешни работи, стр. 82
  3. „македонска црна листа“. Архивирано од изворникот на 2011-08-22. Посетено на 2010-12-25.
  4. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-03-16. Посетено на 2011-02-16.
  5. „А1 телевизија: Амнестирани Ахмети, Велиу и Шаќири“. Посетено на 16 февруари 2011.
  6. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=83040
  7. „Заев: Шаќири може да помогне ако се појават екстремистички и радикални групи“. Посетено на 7 мај 2018.[мртва врска]