Џамија „Султан Бајазит“

стара џамија во Кичево

Џамија „Султан Бајазит“ (Џума џамија или Чарши џамија) — стара османлиска џамија во градот Кичево. Му припаѓа на Кичевското муфтиство на ИВЗ.[1]

Џамија „Султан Бајазит“
Поглед на џамијата
Основни податоци
МестоКичево, Македонија
Координати41°30′52″N 20°57′46″E / 41.51444° СГШ; 20.96278° ИГД / 41.51444; 20.96278
Припадностсунитски ислам
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија
Архитектонски стилраноосманлиски
ЗавршенXIV – XV век
Особености
Куполи5
Минариња1

Историја

уреди

Џума џамија (Петочна џамија или Соборна џамија) е најголемата џамија во градот, и по неа е наречено околното маало Џума. Времето на изградба не е со сигурност познато. Можно е да била изградена од султанот Бајазит I (1389 - 1402), веднаш по освојвуањето на Кичево во 1385 година, или подоцна, од султанот Бајазит II (1481 – 1512). Храмот претрпел измени при зафатите за негово реновирање во 1922, 1934 и 1986 година. Меѓу христијанското население има предание дека пред турско време на тоа место постоела црква „Св. Петка“, но тоа не е потврдено со археолошките истражувања извршени при обновата во 1986 година и при изградбата на шадрванот во 1989 година.[1] Во секој случај, познато е дека на наоѓалиштето Џума Џамија има остатоци од средновековен објект,[2] но точното место на црквата не е познато.

Архитектура

уреди

Џамијата претставува голема петкуполна градба. Внатрешноста и надворешноста се скромни, а скромни се и градежните материјали и украсите. Денешниот изглед на градбата е од 1904 година.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Џума (Султан Бајазид) џамија – Црква Света Петка во Кичево“. Кичево. 28 септември 2012. Посетено на 14 јули 2017.
  2. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 165. ISBN 9989-649-28-6.
  3. „Споменичка целина Кичевска чаршија“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2017-10-23. Посетено на 16 август 2017.