Ќасе
Ќасе е метален длабок сад за чување, сервирање и јадење течности, супи или чорби.
Опис
уредиВакви ќасиња биле користени за течни јадења, најчесто чорба. Бочните страни на тасот, поткренат на тркалезна повисока нога, нагло мешесто се прошируваат и продолжуваат нагоре. Работ е на неколку места исечен со казанџиски ножици во украсни елементи, во зависност од производителот. Капакот е тркалезен, а од работ продолжува мешестиот дел од капакот, горниот дел е зарамнет на две нивоа, а на врвот завршува со конусна пупка. Тасот е калаисан од двете страни и заедно со капакот има многу складна форма.[1]
Наводи
уреди- ↑ „Бакарни садови во Македонија од османлискиот период“, Елизабета Конеска, стр. 94, Музеј на Македонија, Скопје, 2000 г.