Љупчо Неделковски
Љупчо Неделковски ( 1953 - Скопје, 6 јули 2009) — македонски каратист и кик боксер, основоположник на кик боксот во Македонија.
Љупчо Неделковски | ||
Роден | 1953 | |
---|---|---|
Починал | 6 јули 2009 Скопје, Македонија | |
Занимање | каратист и кик боксер |
Животопис
уредиНеделковски е роден 1953 година. Тој целиот свој живот им го посвети на боречките спортови, прво на каратето, во кој беше шампион на Македонија и вицепрвак на поранешна Југославија, а потоа ги удрил темелите на кик боксот во Македонија, основајќи го Кик бокс сојузот во 1995 година. Функцијата претседател ја извршувал со исклучителна енергија сè до својата прерана смрт, развивајќи плејада врвни и трофејни кик боксери, а круна на неговите напори било Европското првенство во кик бокс, што се одржало во Македонија во 2006 година. Починал во Скопје на 6 јули 2009 година.[1] Во негова чест, кик боксинг федерацијата на Македонија одржува меморијален турнир што го носи неговото име.[2]
Наводи
уреди- ↑ „In Memoriam“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-08-11.
- ↑ „Се одржа „IV Меморијален куп –Љубчо Неделковски" во Кик Бокс“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2015-08-11.