Љубов во тројка (филм од 1927)

Љубов во тројка (руски: Третья Мещтанская) – советски филм од 1927 година, во режија на Всеволд Пудовкин, а според сценариото на Абрам Ром и Виктор Шкловски. Главните улоги ги играат: Људмила Семјонова, Николај Баталов и Владимир Фогел. Сценариото е напишано според една статија во весникот „Комсомолска правда“ во која било опишано како една родилка во болницата ја посетила двајца комсомолци кои се претставиле како татковци на детето, со објаснение дека „вистинските комсомолци не го познаваат чувството на љубомора“. Овој филм е еден од ретките советски филмови кои се занимаваат со сексуалноста. Тој добил негативни критики во весникот „Правда“, а во конзервативните области на СССР публиката го дочекала со непријателски став. Исто така, и некои западни земји одбиле да го прикажуваат поради истакнувањето на неморалот.

Содржина уреди

На улицата Мештанска, во Москва, во еден малечок стан живее брачниот пар Људмила и Николај, кои како привремен станар го примаат Владимир, пријателот на Николај. Владимир и Људмила започнуваат љубовна врска, а кога ќе дознае за тоа, Николај не презема ништо, туку одлучува да ја сподели сопругата со својот пријател, со што се создава љубовен триаголник.[1]

Наводи уреди

  1. Кинотека на Македонија, Програма - ноември 2015