Љубе Стоиљковиќ
Љубе Симе Стоиљковиќ ( 1913 во Скопје — 4 октомври 1944 во Страцин, Кумановско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПо завршеното основно училиште работел како општ работник. На 1 август 1944 година стапил во Треттата македонска ударна бригада. Учествувал во сите борби на Бригадата. По капитулацијата на фашистичка Бугарија, учествувал во разоружувањето на повеќето бугарски полкови. Во почетокот на октомври 1944 година учествувал во борбите против Германците на Страцин, каде на 4 октомври 1944 година храбро загинал.[1]