Јулија Дмитриевна Белјаева

Јулија Дмитриевна Белјаева (руски: Юлия Дмитриевна Беляева; р. 8 мај 1927 во Москва) — руска славистска и македонистка.[1]

Јулија Дмитриевна Белјаева
Родена 8 мај 1927 (1927-05-08) (94 г.)
Москва, СССР СССР
Националност Русинка
Занимање славист, македонист

ЖивотописУреди

По завршувањето на Филолошкиот факултет на МДУ „Ломоносов“ (1950) и одбраната на кандидатската дисертација по филолошките науки (1963) се специјализирала по историјата на јужнословенските литератури. Работела во Институтот за славистика и балканистика на АН на СССР во Москва, првин како научен соработник (1954–1977), а потоа како виш научен соработник (1977– 1990). Откако самостојно го научила македонскиот јазик, се занимавала со македонистика (од 1964) и објавила повеќе прикази (во руски, македонски и српски изданија) и избори, антологии и преводи од македонски автори на руски јазик.

НаводиУреди

  1. Ристовски, Блаже, ed. (2009). "Белјаева". Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. стр. 140.