Јулијан и Василиса
Јулијан и Василиса потекнувале од богати семејства. Иако венчани во брак, тие се заветиле дека ќе живеат девствено како брат и сестра. Го раздале својот имот на сиромаси и се змонашиле. Јулијан основал машки мнастир, а Василиса женски. Јулијан имал околу 10 000 монаси, а Василиса до 1 000 монахињи. За време на прогоните на Диоклецијан, Василиса според христијанското предание му се молела на Господ да ниедна од нејзините монахињи да не се исплаши од маките и да не отстапи од христијанската вера. Господ ја слушнал молитвата и во период од 6 месеци ги зел кај себе сите монахињи со ред и на крајот и нивната игуменија Василиса. Пред смртта, Василиса имала видување на своите сестри од оној свет: сите се појавиле весели и радосни како Божјите ангели и ја повикувале својата ѝ духовна мајка што побрзо да им се придружи.
Јулијан и Василиса | |
---|---|
Починал(а) | ~304 |
Почитуван(а) во | Римокатоличка црква |
Слава | 8 јануари |
Обележја | palm of martyrdom |
Јулијановиот манастир, пак, бил изгорен до темели од неговите мачители, а Јулијан бил мачен со најтешки маки и потоа бил убиен. Заедно со Јулијан биле исечени: синот и жената на мачителот Маркијан, Келасиј и Марионила, кои гледајќи го јунаштвото на Јулијан во издржувањето на големите маки, и самите го примиле христијанството[1].
Наводи
уреди- ↑ „Охридски пролог“ стр. 9
Надворешни врски
уреди„Јулијан и Василиса“ на Ризницата ? |
- Catholic Encyclopedia: Sts. Julian and Basilissa
- St. Basilissa Архивирано на 31 август 2006 г.
- St. Julian Архивирано на 30 август 2006 г.
- Kevin Kiernan, Odd Couples in Ælfric's Julian and Basilissa in British Library Cotton MS Otho B. x
- Julian, Basilissa, Antony, Anastasius and Companions Архивирано на 5 јануари 2008 г.
- "Saints Marcianilla, Celsus, and Basilissa" Архивирано на 15 ноември 2011 г. in Christian Iconography
Оваа статија содржи текст од дело сега во јавна сопственост: Herbermann, Charles, уред. (1913). Catholic Encyclopedia. Robert Appleton Company. Отсутно или празно |title=
(help)CS1-одржување: ref=harv (link)