Отвори го главното мени

Јужно свињоопашесто макаки

Јужно свињоопашесто макаки
Cercopithecidae - Macaca nemastrina.jpg
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Примати
Семејство: Старосветски мајмуни
Род: Макаки
Вид: Јужно свињоопашесто макаки
Биномен назив
Macaca nemestrina
(Linnaeus, 1766)
Распространетост на
јужното свињоопашесто макаки
Синоними
  • Macaca broca Miller, 1906
  • Macaca carpolegus (Raffles, 1821)
  • Macaca fusca (Shaw, 1800)
  • Macaca libidinosus I. Geoffroy, 1826
  • Macaca longicruris (Link, 1795)
  • Macaca maimon (de Blainville, 1839)
  • Macaca nucifera Sody, 1936
  • Macaca platypygos (Schreber, 1774)

Јужно свињоопашесто макаки (науч. Macaca nemestrina) — вид примати од од семејството на старосветските мајмуни (Cercopithecidae). Во Македонија, примероци од ова животно можат да се видат во Зоолошката градина во Скопје.[2]

ОписУреди

Овој мајмун достигнува тежина од 5 до 15 кг. По боја се светлокафеави; грбот е потемен, а долните делови од телото се посветли. Имаат кратки опашки, кои ги држат полудигнати слично како свињите, што е причината за нивното именување.

Поведение и екологијаУреди

Иако се претежно наземни, овие мајмуни се вешти и по дрвата. За разлика од највеќето примати, обожаваат вода. Живеат во големи групи, денски поделени на помали состави кога трагаат по храна. Во исхраната се сештојади, хранејќи се претежно со овошје, семки, бобинки, житарки, габи и без’рбетници.

Меѓу мажјаците владее хиерархија заснована на сила, а меѓу женките — според наследноста. Така, ќерката на доминантната женка веднаш станува поважна од сите други женки во групата. Доминантната женка ја предводи групата, додека мажјаците имаат задача да се справуваат со судири во групата и да ја бранат од надворешни опасности.

Пловата зрелост ја достигнуваат на возраст од 3 до 5 години. Бременоста трае околу 6 месеци. Женката раѓа по едно младенче на секои две години. Доењето престанува на возраст од 4 до 5 месеци.

Живеалиште и распространетостУреди

Ова макаки живее претежно во дождовни шуми на надморска височина до 2.000 метри, но знае да шета и по плантажи и градини.[3]

Се среќава на јужната половина на Малајскиот Полуостров (и преминува во најјужниот дел на Тајланд), како и на островите Борнео, Суматра и Банка.[4]

НаводиУреди

  1. Richardson, M., Mittermeier, R. A., Rylands, A. B. & Konstant, B. (2008). Macaca nemestrina. Црвен список на загрозени видови на МСЗП. Верзија 2008. Меѓународен сојуз за заштита на природата. конс. 4 January 2009.  (англиски)
  2. „Јужно свињоопашесто макаки на порталот на Скопската зоолошка градина“. конс. 27 април 2015. 
  3. Payne, J., and C. M. Francis. 1998. A Field Guide to the Mammals of Borneo. The Sabah Society, Kota Kinabalu, Sabah. ISBN 967-99947-1-6
  4. Groves, C. (2005). Wilson, D. E., & Reeder, D. M (уред.). уред. Mammal Species of the World (III издание). Baltimore: Johns Hopkins University Press. стр. 163. ISBN 0-801-88221-4. http://www.bucknell.edu/msw3/browse.asp?id=12100552. 

БиблиографијаУреди

  • Maestripieri D, 1999. Changes in Social Behavior and Their Hormonal Correlates during Pregnancy in Pig-tailed Macaques. International Journal of Primatology 20 : 707-718.
  • Rodman PS, 1991. Structural differentiation of microhabitats of sympatricmacaca fascicularis andM. nemestrina in East Kalimantan, Indonesia. International Journal of Primatology 12 : 357-375.
  • Oi T, 1990. Patterns of dominance and affiliation in wild pig-tailed macaques (Macaca nemestrina nemestrina) in West Sumatra. International Journal of Primatology 11 : 339-356.

Надворешни врскиУреди