Јонче Стојаноски
Јонче Димков Стојаноски (1921 во Оздолени, Охридско — 6 октомври 1943 во Кленоец, Кичевско) македонски партизан, учесник во НОБ.
Животопис
уредиЈонче Димков Стојаноски е роден во селото Оздолени. Се занимавал со земјоделство. Во НОБ доброволно пристапил во август 1943 година. Како борец на Првиот македонски баталјон Мирче Ацев, загинува во борбата против балистите кај селото Кленоец, на 6 октомври 1943 година.[1]