Јожеф Клекл (писател)

Јожеф Клекл Јуниор (3 март 187924 септември 1936) — словенечки писател, новинар и римокатолички свештеник во Унгарија, подоцна во Прекмурје (Словенечка територија).[1]

Клекл е роден во Крајна, близу до Тишина, син на Андраш Клекл и Ана Лүлик. Братот на Андраш Клекл бил Истван Клекл, татко на Јожеф Клекл, кој бил словенечки политичар и исто така католички свештеник. Дедото на браќата Клекл, Антон Клекл, бил со германско потекло од Прлекија.

Клекл бил ракоположен на 27 јуни 1902 година во Сомбатхељ. Четири години бил курират во Свети Јуриј, близу до Рогашовци, една година во Рехниц меѓу Бургенландските Хрвати, три години во Турнишче и една година во Мурска Собота. До 1911 година бил свештеник во Доленци, каде што починал во 1936 година.

Од 1906 до 1919 година служел како уредник на словенечкиот прекмурски алманах „Календар Срца Исусовово“, а од 1918 до 1919 година бил уредник на весникот Новине. По Првата светска војна ја поддржал употребата на прекмурскиот дијалект. Неговите написи биле многу критички настроени кон комунизмот.

Има статуа на Клекл близу црквата Св. Никола во Доленци.

Литература

уреди

Наводи

уреди
  1. „Pokrajinska in študijska knjižnica Murska Sobota“ (словенечки). 2012-02-14. Архивирано од изворникот на 2012-02-14. Посетено на 2023-05-30.