Отвори го главното мени

Јарослав Качински

полски политичар и правник

Јарослав Качински - полски политичар, роден на 18 јуни 1949 година во Варшава, брат-близнак на Лех Качињски. По професија е адвокат, а премиер на Полска станал во 2006 година, по Казимјеж Марќинкјевич. На таа финкција бил до 2007 година, а по него премиер на Полска станал Доналд Туск.


БиографијаУреди

Политичка кариераУреди

Во 1991 година, Јарослав Качински ја формирал демохристијанската партија „Центарски договор“ со која си обезбедил два мандата како пратеник во Сејмот, во 1991 и повторно во 1997 година. Во 2001 година, заедно со братот-близнак Лех Качински, ја формирал десничарската партија „Право и правда“, која на изборите во 2001 година освоила над 10% од гласовите. Откако брат му станал градоначалник на Варшава, во 2003 година Јарослав застанал на чело на партијата „Право и правда“. Во 2006-2007 година, Јарослав Качински бил премиер на Полска.[1]

НаводиУреди

  1. Мирослав Саздовски, „Евроскептицизмот најде ново упориште - Полска“, Економија и бизнис, година 18, број 217/218, јули/август 2016, стр. 74-75.