Јаков (печатар)

(Пренасочено од Јаков од Камена Река)

Јаков (Камена Река, ден. Македонска Каменица, XVI век) — првиот македонски[1] печатар. Потекнувал од свештеничко семејство.

Првиот печатен часослов на Јаков од 1566 г.

Во обновената печатница на Божидар Вуковиќ отпечатил часослов на црковнословенски јазик во 1566 година, украсен со илустрации, знаменца и вињети. Еден добро зачуван примерок има и НУБ „Климент Охридски“ во Скопје.[2][3][4]

Животопис уреди

 
Илустрација на Св.Никола - Часослов (страна 65)

Јаков од Камена Река, денешна Македонска Каменица е прв засега познат македонски печатар од XVI што излегол од Македонија и ja развил својата печатарска дејност во Венеција каде работел во печатницата на Божидар Вуковиќ. Роден во свештеничка фамилија во Камена Река работел како писател на црковно-словенски книги, наследство кое го стекнал од неговата фамилија. Неговото најпознато дело „Часослов“, од кое повеќето информации за неговиот живот се извадени, го издал и испечатил на црковно-словенски јазик во Венеција во 1566 година. Делото е исполнето со илустрации и вињети на христијански светци. Во 1569 заедно со Јеролим Загуровиќ од Котор ја пишува и испечатува неговата втора книга „Псалтир со последование" и се продава во првата македонска книжевна продавница „Кара Трифун“ во Скопје. Книгата е користена како букварче за оние учејки го црковно-словенското писмо. Неговата дата на раѓање или на смрт сепак досега не е откриена.[5]

Наводи уреди

  1. „Јаков од Камена Река“. Во неговото дело "Часослов" Јаков напишал "...Појдов од Македонија, татковината моја…".
  2. Харалампие Поленаковиќ, Белешки за првиот Македонец-печатар Јаков од Камена Река, „Нова Македонија“, Скопје, 1, 2 и 3 мај 1957 (Избрани дела, трето дополнето издание, 6, Скопје, 2007, 14-16)
  3. Михаило Георгиевски, Македонската печатарска дејност (1915-1913), Скопје, 1972, 30–31
  4. д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 207. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  5. Георгиевски, Михајло (1984). ДЕЈНОСТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЕЧАТАРИ ОД XVI и XVII ВЕК (PDF). line feed character во |title= во положба 48 (help)