Јаков Стобиски

(Пренасочено од Јаков Полјански)

Јаков Стобиски (световно име Мирослав (познат како Мики) презиме Милчевски, роден во Куманово на 23 ноември 1983) - викарен епископ на Митрополитот струмички Наум, со титула Полјански, и подоцна, со титула Стобиски.[1]

Јаков
Епископ Стобиски и викарен епископ на Митрополитот струмички
На должноста
25 ноември 2018 – во служба
Претходник нема
Наследник нема
Лични податоци
Роден(а) Мирослав Милчевски
23 ноември 1983

Куманово
Националност Македонец
Професија Епископ на МПЦ-ОА
Вероисповед Православен христијанин

Животопис уреди

Јаков е роден на 23 ноември 1983 година во Куманово. Во 2004 година дошол во Струмица како искушеник. Замонашен во 2005 година од страна на Митрополитот Струмички Наум во манастирот во Водоча[2].

Од 2010 година е старешина на манастирското братство во манастирот „Свети Антониј и свети великомаченик Георгиј", во струмичко Ново Село[2].

Во 2017 година е произведен за архимандрит во храмот „Свети Григориј Палама и свети Димитриј Солунски“, Струмица[2].

Дипломирал на теолошкиот факултет во Скопје во 2018 година.[3]

Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА одлуката за хиротонија ја донел на 29 септември 2018 година. За епископ Полјански е хиротонисан на 25 ноември 2018 година, на денот на соборот на епископите, во Водочкиот манастир. Со тој чин Јаков станал 13 владика на МПЦ-ОА.[4]

Подоцна, во 2019 година, титулата му е сменета во Стобиски.[5]

Наводи уреди

  1. „МПЦ денес“. mpc.org.mk. 2022-05-15.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Наречение на новоизбраниот Епископ Полјански Јаков“. www.mpc.org.mk. 2018-11-24.
  3. Архимандрит Јаков Милчевски, Христологијата кај апостол Павле, 29.06.2018
  4. Нов Владика на МПЦ-ОА е Епископот Полјански Јаков
  5. „Јаков Стобиски ќе биде првиот македонски Владика кој ќе патува по Благодетниот оган во Ерусалим“. religija.mk. 2019-04-27.