Јазол (единица)

(Пренасочено од Јазол (мерна единица))

Јазол (крат. kn или јаз) — единица за брзина еднаква на една морска милја (1,852 км) на час. Меѓународната хидрографска организација (МХО), каде членуваат сите поморски држави, ја претпочита кратенката kn;[1] но, мошне застапена е и кратенката kt (множ. kts).[2][3]. Јазолот како не е SI-единица, но е прифатен за употреба со единиците на SI.[4] Оваа единица наоѓа поширока примена во светот во области како метеорологијата, морепловството и воздухопловството. На пример, бродот кој патува со 1 јазол долж некој меридијан поминува 1 минута географска должина за еден час. Единицата е наречена по јазлите на јажето на чиј крај е приврзан исечок од талпа наречен „лог“.[5]

јазол
Авионски брзиномер означен со јазли
Информации за мерката
Мерен систем
  • метеорологија
  • воздухопловство
  • поморство
Единица забрзина
Ознакаkn, јаз 
Претворање на единици
1 јазол во ...... е еднакво на ...
   км/ч   1,852
   ми/ч   1,15078
   м/с   0,514444
   ст/с   1,68781

Дефиниции уреди

1 меѓународен јазол =
морска милја на час (по дефиниција),
1,852 километри на час (точно),[4]
0,514 метри во секунда,
1,151 милји на час (приближно).

Брзината на пливилата во однос на флуидите во кои се движат (бродови и воздухоплови) се изразува во јазли. Ова важи и за брзината на тековите по кои се плови (брзината на приливните струи, речните струи и ветерот).

Споредба на позастапени единици за брзина
м/с
(m/s)
км/ч
(km/h)
ми/ч
(mph)
јазли
(kn)
ст/с
(ft/s)
1 м/с = 1 3,6 2,236936 1,943844 3,280840
1 км/ч = 0,277778 1 0,621371 0,539957 0,911344
1 ми/ч = 0,44704 1,609344 1 0,868976 1,466667
1 јазол = 0,514444 1,852 1,150779 1 1,687810
1 ст/с = 0,3048 1,09728 0,681818 0,592484 1

(со задебелено се означени прецизните вредности.)

Потекло уреди

 
Традиционален лог за мерење на брзина во јазли

Сè до средината на XIX век, брзината на бродовите се мерела со лог. Оваа направа се состоела од исечок од талпа врзана за макара. Исечокот бил потежок од едната страна за да може да плута исправен и да биде неподвижен во однос на водата. Талпата се фрла во вода додека се движи бродот, и така макарата се почнува да се одмотува. Јажето имало по еден јазол на секои 47 стапки и 3 инчи (14,4018 м). Еден морнар ги броел јазлите, додека друг броел 30 секунди со песочен часовник (денес 28 секунди). Така, брзината се утврдувала според тоа колку јазли изминале за тој временски период[6] Бројот на јазли потоа му се соопштувал на кормиларот. Мерејќи на овој начин, еден јазол е еднаков на 1,85166 км/ч (20,25 ин/с), што се разликува од денешната дефиниција за помалку од 0,02%.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Графикон бр. 1: Положби, растојанија, насоки, компас“. NOAA и Министерство за трговија на САД. Архивирано од изворникот на 2011-08-10. Посетено на 2011-11-15. (англиски)
  2. „Google-ов дигитрон“. Посетено на 5 април 2009. 1 kt = 0.514444444 m/s
  3. Кратенката kt се коси со истоветната кратенка за килотон во SI
  4. 4,0 4,1 „Единици вон SI прифатени за употреба со единиците на SI, и единици на основа на фундаментални константи“. Брошура на SI (VIII изд.). Меѓународно биро за тегови и мерки. Јазолот се дефинира како една морска милја на час. (англиски)
  5. „лог“ Архивирано на 17 декември 2013 г. - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет
  6. Oxford Companion to Ships and the Sea, стр. 454.
  • Kemp, Peter (editor). The Oxford Companion to Ships and the Sea. Oxford university Press, 1976. ISBN 0-19-282084-2