Јазици на Питкерн
На Питкерн (т.е. Питкернските Острови) се употребуваат два јазика - англискиот и питкернскиот.
Питкернскиот е креолски јазик заснован на англискиот и на тахитскиот како што се зборувале во XVIII век. Денес го зборуваат околу 50 луѓе. Делумното англиско потекло на јазикот се должи на фактот што Питкерн бил населен од бунтовниците од бродот Баунти во XVIII век, кои биле придружувани од луѓе од Тахити.
Питкернскиот е во блиско сродство со норфолшкиот јазик (наречен „норфук“) кој се зборува на островот Норфолк, каде подоцна се доселиле некои потомци на бунтовниците.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |