Ѓураѓ I Балшиќ бил српски благородник од династијата на Балшиќ.

Заедно со своите браќа (Страцимир и Балша) и неговиот татко (Балша) ја проширил моќта на своето семејство до градот Скадар (1360 год.) и до областа помеѓу Скадарското Езеро и Јадранското Море и најверојатно и врз градот Бар. Тие, се мисли на семејството Балшиќ, во 1361 година станале почесни граѓани на Дубровник, а следната година и на млетачката (Венецијанската Република). За време на војната меѓу Србија (Воислав Војиновиќ) и Дубровник (1361-1362), Балшиќ застанал на страната на дубровчаните. Веќе во 1363 година започнале конфликти на југот од нивните имоти, против принцот (кнезот) Карло Топија. За време на тие конфликти, Ѓураѓ во пролетта 1364 година бил заробен.[1] По склучувањето на мирот во 1366 година, со посредство на дубровчаните, Ѓураѓ бил ослободен со помош на откуп. Во 1369 година, заедно со своите браќа, тој ветил дека ќе премине во католицизам, во обид да ја зајакне и прошири својата држава со поддршка на папството.

Ѓураѓ и семејството Балшиќ биле тесно поврзани со кралот Волкашин, што довело до нивно здружување во борбата против Никола Алтомановиќ. На почетокот на летото 1371 година Ѓураѓ ги примил во Скадар кралот Волкашин и неговиот син Марко, кои дошле со својата војска. Нивните подготовки за нападот на тврдината Оногошт биле прекинати со веста за влезот на Османлиите во областа на братот на Волкашин, деспотот Јован Углеша, поради што семејството Мрњавчевиќ (се мисли на Волкашин и Марко) се повлекле од територијата на Зета и се упатиле кон областа на Сер.

По колапсот на браќата Мрњавчевиќ (Волкашин и Углеша) во Маричката битка која се одвивала на 26 септември1371 година, Балшиќите ги нападнале нивните земји и ја прошириле својата власт до Пеќ и Призрен, а по смртта на Страцимир во 1372 година, Ѓураѓ го преземал водството на владеење меѓу семејството Балшиќ. Тој ја проширил моќта на своето семејство во позадината на Дубровник, Конавле, Требиње и Драчевица (1373), но тие области во 1377 година преминале во владение на банот Твртко од Босна.[1] Ѓураѓ I Балшиќ починал на 13.01.1378 година[1], а власта над државата на Балшиќ ја презел неговиот преостанат жив брат, Балша II.

Почетните години на Ѓураѓ I уреди

 
Имотите на Балшиќ (1372-1378)

Во документот на царот Урош, со кој на Воислав Војиновиќ му биле отстапени светидимитриевските приходи за 1358 година, за првпат се споменува семејството на Балшиќ.[2] Нема современи информации за нив пред 1359 година, а единствен извор за нивното потекло бил Мавро Орбин, кој велел дека нивниот татко, Балша, бил сиромашен земјопоседник кој поседувал само едно село. Во 1360 година тие веќе претставувале големи благородници.[3] Браќата Балшиќ настапувале единствено. Во дубровничките документи почесто се споменуваале како семејство отколку како поединци. По смртта на Воислав Војиновиќ, започнал нивниот брз подем. Впечатливо било ненадејното исчезнување на владетелот Жарко од тие простори. Ѓураѓ подоцна, по 1371 година, повторно се оженил со својата поранешна сопруга. Во 1360 година, семејството Балшиќ најверојатно го држеле само градот Бар. Градот Улцињ, не го поседувале, а ниту ни Будва, каде што се осамостоил кастеланот Површко. Сепак, иако нивната територија била повеќе од половина помала од онаа на Воислав, семејството Балшиќ имале поголема независност од принцот во Хум. Тие склучиле сојуз со Дубровник, непријателот на Урош во таа војна. Дубровчаните создавале врски со семејството на Балшиќ. Им доделиле државјанство и им понудиле заеднички напад врз Котор, но сојузот бил сведен на директни изјави за пријателство. Семејството Балшиќ не биле спомнати во мирот за Оногошт склучен во 1362 година.[4]

По завршувањето на војната, Воислав се подготвувал да се справи со лозата на Балшиќ, барајќи од Дубровник воен брод. Дубровчаните одбиле да му ја дадат побарувачката со оправдување дека и двете страни се наоѓаат под ист господар. Војната била спречена со ненадејната смрт на Воислав Војиновиќ, веројатно од чума, кон крајот на 1363 година.[3]

Војната против Карло Топија уреди

Освојувањето на Горна Зета бил секако еден од најголемите успеси на семејството Балшиќ, во првите години од нивниот подем. Горна Зета била освоена до 1363 година. Во 1362 година, семејството Балшиќ неуспешно го опседнале градот Улцињ. По смртта на Воислав Војиновиќ, дошло до конфликт меѓу семејството Балшиќ и Карлo Топиja околу областа Река (од реката Бојана на север до Војуша на југ). Сопственикот на Будва, Површко, застанал на страната на Балшиќ, а Драч на страната на Топиja. Конфликтите избувнале во 1364 година. Површко најверојатно бил потчинет на Балшиќ во периодот пред неговата смрт. Дубровничкиот командант на галија му изразил сочувство на Ѓураѓ Балшиќ затоа што неговиот слуга бил убиен во опсадата на Будва (од страната на Котор во 1364 година).[2] Се чинело дека по таа опсада Будва му припаднала на семејството Балшиќ. Меѓутоа, во ноември 1364 година, секако најпретприемливиот од браќата, Ѓураѓ Балшиќ, паднал во заробеништво. Јадрото на државата на Карлo Топиja била областа околу градот Драч. Се чiнело дека од чума починал и Јован Комнин Асен во 1363 година. Како господар на Канина и Валона, Александар (наследникот на Асен) склучил договор за пријателство со Дубровник во 1368 година. За разлика од Александар (кој ја имал титулата на господин), Блаж Матaрeнго ја носел високата титула севастократор. Најверојатно таа титула ја добил од царот Симеон. Матаренго последен пат како жив бил споменат во 1367, а Александар во 1368 година. Така, семејството на Балшиќ останале единствените противници на Карлo Топиja, кој бил најмоќниот господар на јадранскиот брег од 1368 година. Ја имал титулата принцепс на Албанија.[3] [2]

Иако помлад, Балша II го наследил својот брат на чело на семејството. Лозата Балшиќ имале потпориште во Волкашин Мрњавчевиќ. Топија го држел Ѓураѓ во заробеништво две години, по што започнале мировните преговори. Посредувал дубровничкиот поклисар. Бил склучен мир, платен е откуп и Ѓураѓ бил ослободен. Потоа семејството Балшиќ брзо го потиснале Карло Топија кон југ.[2]

Дури и за време на војната меѓу Дубровник и Воислав Војиновиќ, семејството на Балшиќ било во конфликт со градот Котор. Додека слабата и немоќна Гојислава владеела со државата на Воислав, Ѓураѓ бил во заробеништво. Котор за тоа време полесно дишел, па дури тргнал и во офанзива (контранапад). Которчаните се обиделе да ја заземат Будва и во таа можност бил убиен владетелот Површко. По загинувањето на Површко, во 1365 година Никола Захарија се појавил како господар на Будва кој во 1365 година станал и дубровачки граѓанин. Истовремено градот Котор ја прифатил власта на семејството Балшиќ, но и власта на Млетачката или Венецијанската Република.[4]

Опсадата на Котор уреди

 
Една година пред неговата смрт, Ѓураѓ I Балшиќ ја изгубил послушностa од парохиите Драчевица, Конавле и Требиње, кои биле преземени од страна на босанскиот бан (од октомври 1377 година крал) Твртко I.

Откако склучиле мир со Карло Топија, семејството Балшиќ го опсаднале градот Котор. Опсадата траела четири години и ја надминала одбранбената моќ на Котор. Војната го парализирала економскиот живот на градот. Рамнотежата помеѓу Дубровник и Котор наеднаш била нарушена. Сепак, Которанците не се предале. Додека постоела силната централна власт, градот Бар плаќал данок од висина на 100 перпери на српскиот владетел. Подоцна Ѓураѓ го принудил Бар да му исплатува по 2.000 перпери. Слична судбина го чекал и Котор, а голем дел од трговскиот профит ќе поминувал во рацете на семејството Балшиќ. Которанците не се предавале. Покажале дипломатска вештина достојна само за Дубровник. Дури и папата Урбан V интервенирал, испраќајќи повик за помош на неколку адреси. За време на опсадата на градот Котор, семејството Балшиќ преминале во католицизам со цел да се намали ефикасноста на дипломатската мисија на Котор во Рим и да се здобијат истовремено со благородништвото на Арбанаси собрани околу владетелот Карло Топија. Венецијанците (Млечаните) исто така посредувале во постигнувањето на мир. Помеѓу Венеција и семејството Балшиќ дошло до конфликт бидејќи Ѓураѓ сакал да изгради флота од бродови, со што Венецијанците не се согласувале. И покрај тоа, Ѓураѓ ја изградил и вооружил флотата сместена во Будва, Улцињ и Бар. Венецијанците се ограничиле на закана само на тие градови. Мирот пристигнал во пролетта 1370 година. Поради недостигот на извори, тешко било да се реконструира понатамошниот тек на настаните. Познато било дека по опсадата, во текот на 1370 година или почетокот на следната година, Котор ја признал врховната власт на унгарскиот крал Лајош. Се чинело дека семејството на Балшиќ, искористувајќи ја моменталната слабост на Никола Алтомановиќ повторно му се заканувале, а градот Котор исцрпен од десетгодишната војна, прифатил да има странска власт. За склучување на договорот посредувале дубровчанините, а можеби и самиот Никола Алтомановиќ, кој бил во добри односи со банот на Мачва, Никола Горјански. Од 1370 година, Котор бил третиран од страна на српскиот цар на ист начин како и Дубровник. Ги изгубил привилегиите што ги имал во Империјата. Тоа бил крајот на неговиот економски подем. Урош не можел да го одбрани од семејството на Балшиќ, иако во 1369 година се обидел да ги придобие Венецијанците за да помогнат да се прекине флотската опсадата.[4] [3]

Врската со Никола Алтомановиќ и Твртко Котроманиќ уреди

 
Проширување на владението на семејството Балшиќ и Бановината Босна, по пропаѓањето на Никола Алтомановиќ (Војиновиќ) во конфликтот со Коалицијата

Волкашин го оставил Котор на своите братучеди семејството Балшиќ, особено што Котор бил на страната на Никола Алтомановиќ, непријателот на двете семејства (Балшиќ и Мрњавчевиќ). Против раководниот префектот била формирана коалиција со самејството Балшиќ и семејството Мрњавчевиќ. По битката кај Марица, регионалните господари се бореле за територијата на Мрњавчевиќ. Ѓураѓ ја избркал својата сопруга Оливера, бидејќи повеќе немал политички причини за тој брак. Се оженил со вдовицата на поранешниот земјопоседник Жарко, ќерката на деспотот Дејан. Следната година Ѓураѓ го зазел Призрен.[3] Страцимир починал во 1372 година.

Мавро Орбин пишувал за судирите помеѓу Марко и Ѓураѓ во околината на градот Костур. Тој рекол дека сопругата на Марко, Јелена, го изневерила сопругот и ги отворила градските порти на четите на Балша Балшиќ, за кого таа подоцна и се премажила. За да го врати назад Костур, Марко ги повикал на помош Турците. На помош на опколениот Костур и Балша му дошол неговиот брат Ѓураѓ, а најстариот син на Волкашин ги загубил и градот Костур и неговата неверна сопруга.

По смртта на Никола Алтомановиќ, Републиката Дубровник во 1373 година се обврзала да им ги исплати светодмитровските приходи на семејството Балшиќ. Ѓураѓ ги заземал Требиње, Конавле и Драчевица, мислејќи на неговото сродство со династијата на Немањиќ. Сепак, дури и врската со Твртко била посилна. Во 1372 година, братот на Ѓурѓаѓ, Балша се оженил со Комнина, поточно со ќерката на Јован Асен Комнин. Со помош на тој брак, семејството Балшиќ ја засновала врската со семејството на Немањиќ. Твртко верувал дека семејството Балшиќ не ги заслужувало новоосвоените територии затоа што не учествувале во војната, дури и во некои ситуации го поддржувале Никола Алтомановиќ. Тоа било причината за избувнувањето на конфликтот. Во јануари 1377 година Твртко поттикнал бунт во Требиње. Истата година пред да биде крунисан за крал на Србите и Босна, Твртко ги зазел Требиње, Конавле и Драчевица. Орбин пишувал за навлегувањето на Ѓураѓ Балшиќ и Карло Топија во јужните делови на босанската држава. Сепак, Ѓураѓ починал три месеци подоцна. Дубровчани од 1378 година Светодмитровските приходи ги исплаќале на босанскиот бан Твртко.[4]

Семејство уреди

Ѓураѓ се оженил вкупно двапати:[5][6]

  • Оливера Мрњавчевиќ, ќерка на Волкашин Мрњавчевиќ, со која имал две ќерки:
    • Јелисавета, мажена за скадарскиот господар Рајко Монета
    • Гојслава, омажена со захумскиот господар Радич Санковиќ

По смртта на нејзиниот татко (се мисли на Оливера) и вујко во битката кај Марица, Ѓураѓ ја избркал и се оженил со:

  • Теодора Дејановиќ, вдовица на Жарко Мркшиќ и ќерка на деспотот Дејан, со која имал ќерка и син:
    • Јевдокија, омажена со Јањинскиот деспот Исаул де Буонделмонти
    • Константин, кој владеел некое време со Кроја.

Покрај нив, Ѓураѓ имал и еден вонбрачен син (Ѓурѓ), кој на 10 март 1392 година се споменува како венецијански (млетачки) државјанин.

Милан Кашанин сметал дека Ѓураѓ и неговиот син Константин биле претставени на фреска во Пеќската патријаршија.[7]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име СД.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Михаљчић 1989.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 ИСН 1999.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Михаљчић 1989
  5. „Genealogy - Balkan states: The Balsici. Посетено на 4. 6. 2010. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  6. „Medieval Lands project - Montenegro: Balšići. Посетено на 4. 6. 2010. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  7. "Политика", 6-9. јан. 1937

Надворешни врски уреди