Ѓумче
Ѓумче е метален сад за складирање и носење вода, слично на стомна.
Опис
уредиЃумчето е направено со намена за чување и за носење вода. Стои на тркалезно благо конкавно дно кое продолжува нагоре по страните на телото. Страните продолжуваат нагоре со благо стеснување, сè до работ од кој нагло започнува закосениот конусен дел. На конусниот дел од телото е додадено парчето од вратот кој постепено се проширува нагоре кон грлото. Од страната спроти рачката, од средината на вратот до грлото, има поширока нанадвор издадена „уста“ од која водата полесно истекува. Рачката, додадена отстрана, на долниот дел од телото е прицврстена со посебно парче со нитна, а нагоре продолжува слободно со змијулесто извиена форма. На горниот крај е поделена на два дела и под грлото е споена за ѓумот со нитни. На горниот дел има капак, а на врвот е додадена висока пупка која е составена од тркалеста стојка и шилест конусен горен дел. [1]
Наводи
уреди- ↑ „Бакарни садови во Македонија од османлискиот период“, Елизабета Конеска, стр. 87, Музеј на Македонија, Скопје, 2000 г.