Public Enemy No. 1 е песна од американскиот треш метал бенд Мегадет. Нумерата е во авторство на Дејв Мастејн, а беше издадена како прв сингл од нивниот тринаесетти студиски албум Thirteen. Датумот на објавување беше 13 септември 2011, симболично одбележувајќи го 50. роденден на Мастејн. Видео записот беше промовиран на 5 ноември истата година.[1]

„Public Enemy No. 1“
Сингл од Мегадет
од албумот Thirteen
Издаден 13 септември 2011
Формат ЦД сингл, дигитално спуштање
Снимен мај - јуни 2011
Жанр Хеви метал, треш метал
Должина 4:15
Издавачка куќа Роудранер
Композитор Дејв Мастејн
Џони Кеј
Продуцент Џони Кеј
Хронологија на синглови на Мегадет
Sudden Death
(2010)
Public Enemy No. 1
(2011)
Whose Life (Is It Anyways?)
(2011)

Песната првпат била изведена во живо на 4 јули 2011 во Хамбург, Германија, неколку месеци пред нејзиното официјално објавување.[2]

На 31 октомври (Ноќта на вештерките) 2011, составот ја отсвирил песната во шоуто на Џими Кимел. Бидејќи настапот бил замислен во духот на празникот, членовите биле облечени во посебни костуми и биле непрепознатливи за публиката. Дејв Мастејн бил маскиран во чудовиштето на Франкенштајн, Дејвид Елефсон бил врколак, Крис Бродерик бил со маската на Фантомот од операта, додека Шон Дровер носел костим на Дракула. Освен споменатата композиција, Мегадет ја извеле и „Symphony of Destruction“ како одјавна нумера од програмата. Целиот настап бил поставен на мрежното место на „Шоуто на Џими Кимел“.

„Public Enemy No. 1“ била номинирана за Греми награда во категоријата „Најдобра хард рок/хеви метал песна“ за 2012 г. но загубила од песната-кандидат на Foo Fighters.[3] Тоа била 10-тата последователна Греми номинација за Мегадет која се покажала недоволна да им ја донесе златната грамофонска статуетка.

Интерпретација на текстот уреди

Мастејн има изјавено дека „Public Enemy No. 1“ е песна посветена на гангстерот Ал Капоне, кој дејствувал во 20-тите години од минатото столетие. Можната инспирација за нумерата е една непријатна случка која ја доживеал бендот снимајќи во старо и напуштено студио. Тогаш Мастејн прокоментирал дека тоа место може убаво да послужи како скривница на Капоне. И во текстот има неколку стихови кои говорат за крвавите подвизи на Капоне и неговата решеност да не биде уапсен.

Видео запис уреди

На 20 септември 2011 г. басистот Елефсон дал изјава дека групата моментално снима спот за песната во Валенсија (Калифорнија). Филмот е во вестерн стил, а во него освен членовите на Мегадет, во главна улога се два мајмуни, кои се алегорија на Капоне и агентот Елиот Нес. Во него се прикажани неуспешните обиди на полицијата да го фати нарко-картелот, кој секогаш некако успевал да им побегне. На 4 ноември записот бил поставен на официјалното мрежно место на бендот.

Дигитално издание уреди

  1. „Public Enemy No. 1“ – 4:15

Музички персонал уреди

Мегадет уреди

Технички персонал уреди

Наводи уреди

  1. „Потврда од официјалното мрежно место на Мегадет“. Архивирано од изворникот на 2011-11-08. Посетено на 2013-02-10.
  2. „Вести од страницата на бендот“. Архивирано од изворникот на 2011-08-07. Посетено на 2013-02-10.
  3. Номинираните песни за Греми наградите 2012

Надворешни врски уреди

Поврзано уреди