Olympus E-400 („Олимпус Е-400“) — дигитален рефлексен фотоапарат (DSLR) од производителот Olympus пуштен во продажба на 14 септември 2006, кој го користи објективскиот систем 4:3.[1]. Овој 10-мегапикселски апарат може да се спореди со други вакви (DSLR) апарати излезени летото 2006 со споредлива пикселажа и цена: Sony α 100, Nikon D80, Canon EOS 400D и Pentax K10D.

Olympus E-400
ТипДигитален еднообјективен рефлексен фотоапарат (DSLR)
Сликозафатник17,3 x 13,0 мм 4:3 систем RGB CCD-сликозафатник
2x FOV-поткастрување
Најг. разделност3648 x 2736 (10 делотворни мегапиксели)
Објективпроменливи 4:3 објективи
Брзина на затворач60–1/4000 с
Светломернизобјективно мерење (TTL) со отворена бленда
49-зонски повеќеелементен
Опсег: 1 до 20 EV (50 мм F2, ISO 100)
Режим на излож.A (автоматски)
P (програмски автоматски)
A (приоритет на бленда)
S (приоритет на затворач)
M (рачно)
Светломер. режимидигитален ESP
средишно-тежишен
точка
светлинска точка
сенлива точка
Жаришни површини3 точки со TTL фазна разлика
Жаришни режимиединечно AF ( S-AF )
Непрекинато AF ( C-AF )
рачно изострување. ( MF )
S-AF + MF
C-AF + MF
Непрекин. сликање3 кадри/сек до 10 кадри (прибл.) во висококвалитетен (HQ) JPEG режим
3 кадри/сек до 5 кадри (RAW)
Гледалооптичка пентапризма 0,92x
ASA/ISO опсегISO 100–1600 во 1/3 чекори
Предупредување за шум > ISO 800
Блицвграден, отскокнувачки, бр. на водилка 10 м при ISO 100, папуча
Прилагодлив WB7 / +7 чекори за секоја R-B / G-M оска
Заден екран6,4 см TFT LCD, 215.000 пиксели
Складкомпактна флеш (тип I и II), xD склад. картичка
Батериилитиумскојонски, на полнење
Тежина375 г. (само куќиште)

Фотоапаратот E-400 е значаен по своите мали димензии, по тоа што нема дршка и по тоа што користи помал сликозафатник. Тежи само 375 гр, а по големина е приближен на филмски апарати со рачно изострување, направен да потсетува на апаратите од системот Olympus OM. Апаратот оди во комплет со два телеобјектива, 14–42 мм (еквивалентен на 28–84 мм 35-милиметарски формат), f/3,5–5,6 стандарден телеобјектив со тежина од 190 г и 40–150 мм (еквивалент на 80–300 мм) f/4,0–5,6 долг зум со тежина од 220 г. Препорачаната цена на варијантата со еден објектив изнесувала 700 фунти, а варијантата со два изнесувала 850 фунти.[2]

E-400, како и сите фотоапарати од E-системот на Олимпус, го користи патентираниот филтер со надзвучни бранови за намалување на прашина од сликозафатникот кое се врши автоматски при вклучувањето на апаратот и по барање на корисникот; ова во најголема мера го елиминира проблемот со насобирањето на прашина во сликозафатникот.

Моделот E-400 бил контроверзен бидејќи производителот го нудел само во Европа. Остатокот од светот морал да го причека моделот E-410, кој излегол дури на пролет 2007 г. и го немал истиот Кодаков сликозафатник како E-400, туку го заменил со сликозафатник од Панасоник. Некои фотографи тврдат дека сликозафатникот на Кодак дава премин на боите и слика со повисок квалитет при пониска ISO-вредност.

Наводи уреди

  1. Olympus imaging (14 септември 2006). "Olympus E-400: Најмалиот и најлесниот рефлексен фотоапарат на светот". Соопштение за печат. (англиски)
  2. Карен М. Чунг (14 септември 2006). „Olympus го најавува „Најмалиот дигитален рефлексен фотоапарат" E-400 за Европа“. DigitalCameraInfo.com.[мртва врска]