LSG Sky Chefs e дел од корпорацијата на Луфтханза, и е специјализиран во производство и превоз на храна која се користи за време на еден лет. Седиштето на компанијата е во Франкфурт, Германија, додека седиштето за Северно-Американскиот континент е во Ирвинг, Тексас (САД), каде што и е формирана во 1942 година. Во 2004, опслужи повеќе од 270 авиокомпании и произведе 362 милиони пакети со храна. Авиокомпаниите кои ги користат услугите варираат од аеродром на аеродром, но некои од поголемите авиокомпании како Луфтханза, Американ Ерлајнс, Нортвест, Мексикана, услугите на компанијата ги користат низ целиот свет. Името "LSG" потекнува од ‘Lufthansa Service GmbH’, оригиналното име на компанијата која беше откупена од Sky Chefs.

Камион на LSG Sky Chefs на аеродромот во Нујорк

Финансиски извештај уреди

Приход:

  • 2000 : €1.1 билиони
  • 2001 : €2.5 билиони
  • 2002 : €3.1 билиони
  • 2003 : €2.7 билиони
  • 2004 : €2.3 билиони
  • 2005 : €2.2 билиони
  • 2006 : €2.3 билиони (извор: LSG Sky Chefs - официјална страница)
  • 2007 : €2.4 билиони (извор: dpa)